Бискупот Стојанов служеше света Литургија во Скопската катедрала и го посети Божиќниот саем

Бискупот Стојанов служеше света Литургија во Скопската катедрала и го посети Божиќниот саем

На третата недела од Адвент бискупот Стојанов служеше света Литургија во Скопската катедрала, ги изложи моштите на Свети Антон Падовански и го посети Божиќниот саем кој е во организација на Македонски Каритас и Катедралната парохија „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје

Во недела 17 декември 2023 година, на третата недела од Адвент, Скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов служеше света Литургија во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје во сослужение на катедралниот парох дон Винко Маслаќ, протојереј ставрофор отец Зоран И. Стојанов, декан на Деканатот Свети Кирил и Методиј, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци и отец Илија Стојанов парох во Радово.

Бискупот Стојанов за време на светата Литургија на олтарот ги изложи моштите на свети Антон Падовански, кои потоа ги постави кај статуата на свети Антон Падовански, каде ќе бидат изложени за почитување.

На почетокот од својата проповед бискупот Стојанов ги поздрави присутните верници и гости, посебно оние кои учествуваат на овогодинешниот Божиќен саем, а потоа се осврна на литургиското Евангелие, за сведоштвото на Свети Иван Крстител.

По завршување на евхаристиското славење бискупот Стојанов го посети Божиќниот саем кој се одржа во дворот на катедралата, а во организација на Македонски Каритас и Катедралната парохија „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје. На него учество зедоа Парохиските Каритаси „Свети Пророк Илија“ – Радово, „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица и „Свети Димитриј“ – Сарај, повеќе граѓански организации и амбасади во Македонија. Собраните средства се наменети за лицата во потреба.

Божиќниот саем во Скопје, традиционално се организира секоја година на третата недела од Божиќниот пост.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот