Благодарност на Папата на сестра Норме, „ангелот“ на мигрантите на границата меѓу Мексико и САД

Благодарност на Папата на сестра Норме, „ангелот“ на мигрантите на границата меѓу Мексико и САД

Папата Фрањо преку видео порака сакаше да ѝ се заблагодари на Исусовата мисионерка и директорка на Католичката добротворна мрежа (Catholic Charities) во Долината Рио Гранде за нејзиниот труд во работата со најранливите. Таа добротворна мрежа низ годините примило повеќе од 20.000 луѓе, а се ангажира исто така за собирање на семејствата разделени на границата. Папата Фрањо истакнува: Благодарам за прифаќањето на оние кои бегаат од вистинскиот општествен пекол.

Пет пати папата Фрањо кажува „благодарам“ во видео пораката упатена до сестра Норма Пиментел Исусова мисионерка и директорка на Католичката добротворна мрежа во Долината Рио Гранде на границата помеѓу Мексико и Соединетите Американски Држави на која секој ден пристигнуваат стотина илјади мигранти од Латинска Америка. Токму прифаќањето и помошта на голем број мажи и жени, новороденчиња, стари луѓе и разделени семејства кои се во бегство од тешкотиите и сиромаштвото и се во потрага за подобар живот, се основата на посланието на сестра Норме втемелено на евангелското начело „странец бев и ме примивте.“

Папата сакаше со видео порака лично да им се заблагодари на монахињите за тоа хуманитарно дело и дело на верата одговарајќи на писмото кое сестра Норма му го испратила на почетокот на мај. Благодарам за тоа што го правите Вие и целата Ваша екипа – рече Папата на шпански јазик. Благодарам за прифаќање на тие мигранти кои доаѓаат во потрага за подобар живот, доаѓаат за да напредуваат, други пак доаѓаат бегајќи од вистинскиот општествен пекол. Благодарам сестро -рече Папата, благодарам за твојата екипа.

Во пораката папата Фрањо повотрно ги истакнува четирите зборови на кои би требало да се темели општиот одговор на миграциската криза: прифати, заштити, придружувај и интегрирај. Мигрантите треба да се прифатат односно треба да бидат заштитени, треба да се придружуваат и треба да се интегрираат – истакна и повторно ѝ заблагодари на сестра Норма и на нејзината екипа за сѐ што прават за мигрантите кои доаѓаат да бараат помош за да живеат со повеќе достоинство. Ве следам од овде, се молам за вас и за сите луѓе кои ве придружуваат во таа работа. Нека Бог Ве благослови – рече папата.

Лицето на сестра Норма Пиментел добро е познато во САД; ја нарекуваат „ангел“ на мигрантите. Со сандали на нозете, кратка седа коса, во мисионерски хабит, на социјалните мрежи– на кои е многу активна – може да се види како се занимава со деца и трудници или пак во разговор со епископи и со судии за прекршоци и со федерални судии. Веќе 30 години е на првата линија во потрага по бегалци долж подрачјето кое го дели Тексас од Мексико на кое во текот на годините многумина го загубиле животот.

Од 2015 година сестра Норма е директорка на Католичката добртворна мрежа (Catholic Charities of the Rio Grande Valley), партнерска организација на Меѓународниот Каритас, отворени при католичката црква Пресвето Срце. Меѓу тие четири ѕида – истакнато е на официјалната веб страница, до сега се примени повеќе од 23.000 ранливи лица. Чесната сестра прави напори за 24 часа дневно да обезбеди засолниште, понуди топол оброк дури и за 300 лица истовремено или можност за туширање и пресоблекување во чиста облека. Во центарот освен тоа се дистрибуираат лекови и се даваат советодавни или итни услуги на оние кои сакаат да го продолжат своето патување. Понекогаш на тие луѓе им е доволна мала утеха.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот