Во Куба се гради првата Католичка црква по револуцијата

Во Куба започна изградбата на првата католичка црква после револуцијата во 1959 година. Имено властите дозволија изградба на црква посветена на свети Иван Павле II во Бахија, населба во Хавана.

Со својата посета на Куба во 1998 година папата Војтила отвори нови страници во односите помеѓу комунистичката држава и Католичката црка. Пролетта 2012 година Куба ја посети папата Бенедикт XVI, а папата Фрањо ќе ја посети на 19 септемри 2015 година. Ватиканската дипломатија придонесе многу за подобрување на односите помеѓу Куба и САД.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот