Укажувањето на Пресвета Богородица во Лурд раскажано од света Бернадета

Укажувањето на Пресвета Богородица во Лурд во едно писмо го опишува самата света Бернадет Субирус најстарата ќерка на сиромашниот млинар на следниот начин: „Еден ден појдов на брегот на реката Гаве за да соберам дрва со две девојчиња, молејќи се слушнав некаков шум. Се свртев кон ливадата, но не видов стеблата да се помрднуваат. Ја подигнав главата и здогледав пештера. И видов Госпоѓа облечена во бело и препашана со син појас, на двете нозе имаше жолта ружа иста боја како и нејзината Бројаница.

Кога тоа го видов ги триев очите мислејќи дека се лажам. Ја ставив раката во својот фустан и овде ја најдов својата бројаница. Сакав да се прекрстам, но не можев да ја подигнам раката кон челото и таа падна. А бидејќи таа Госпоѓа се прекрсти се обидов и јас иако рацете ми се тресеа; најпосле успеав. Веднаш започнав да молам Бројаница: Госпоѓата ги пребираше зрната од Бројаницата но не ги движеше усните. Кога ја завршив Бројаницата укажувањето веднаш исчезна. Ги прашав двете девојчиња дали нешто забележаа. Кажаа дека не, туку ме прашаа што имам да им откријам. Им дадов до знаење дека видов Госпоѓа облечена во бела облека, но не знам која е, ги предупредив да молчат за тоа. Тие ме поттикнуваа таму да не се враќам, но тоа го одбив. Се вратив затоа што во неделата чувствував како нешто од внатре да ме повикува…

Таа Госпоѓа ми прозбори дури третиот пат и ме праша дали сакам да доаѓам 15 дена. И одговорив дека сакам. Таа додаде дека треба да ги предупредам свештениците овде да изградат црква; потоа нареди да се напијам од изворот. Бидејќи не гледав никаков извор се упатив кон реката Гаве, но таа ми даде знак дека не ми зборува за реката и со прстот ми го покажа изворот. Откако му пристапив, не го најдов него туку застоена вода. Ја пуштив раката но не можев да ја фатам;нешто зедов проливајќи се и кога ми тргна малку да фатам, три пати ја фрлав и на четвртиот пат можев да ја пијам. Укажувањето потоа се повлече и јас се повлеков назад.

Доаѓав таму 15 дена. Таа Госпоѓа ми се укажуваше секој ден, освен еден понеделник и петок, ми наредуваше да ги предупредам свештениците овде да изградат црква, да појдам кај изворот да се измијам и да молам за преобраќање на грешниците. Повеќе пати ја прашував која е, а таа благо се смееше најпосле подигнувајќи ја раката и упатувајќи ги очите во небото рече: „Јас сум Безгрешно зачната.“

Во текот на тие петнаесет дена ми откри три тајни и ми забрани да не кажувам за тоа на никој, што до сега верно ја послушав.

Света Бернадет десет години по укажувањето односно во 1868 година влегува во Дружбата на каритативните школски сестри од Неверс. Учителката во новицијатот и поглаварката постапувале со неа строго плашејќи се заради укажувањата на Мајка Божја да не се возгордее. Но, таа добро ја научила лекцијата на понизноста па немало опасност од тоа. Таа знаела дека понизноста уште повеќе ќе ја приближи кон Бог, па со задволство ги примала понижувањата на кои ја подложувале.

Света Бернадет уште од детството била болникава, многу боледувала и во манастирот. На тој начин постојано ја вршела покората на која Богордица ја повикувала. Нејзината астма и давала многу можности да трпи и страда за грешниците. Последните зборови што ги изговорила на оваа земја биле овие: „Света Маријо Мајко Божја моли се за мене сиромашната грешница.“

Лурд е продор на небото на земјата, повик на молитва, покора и преобраќање. Света Богородица за извршување на своите пораки се послужила со сиромашната и неука ќерка на млинар. Ние да избиравме можеби за тоа би избрале некој друг. Но, Господовите патишта и мисли се поинакви од нашите. Тој така и Мајка Божја ја избираа, малите и понизните. Во нивните срца привилигирано место можат да имат само понизните души. И таа е една голема поука и порака од Лурд.

Нераспаднатото тело на светата Бернадет во Неверс сведочи и денес дека на Господ му се мили девствените, понизните и душите кои стрдаат. Укажувањата во Лурд Црквата ја поттикнуваат на чистота, скромност, подготвеност за жртва и на молитва и љубов кон болните и сиромашните. Сите ние сме христијани па и Црква затоа сме повикани да се одѕовиме и на тој голем поттик кој ни дојде со Богордичните укажувања во Лурд.

Исусовци Сплит/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот