CCEE во пораката за времето на созданието: Нека човечката рака го запре уништувањето

CCEE во пораката за времето на созданието: Нека човечката рака го запре уништувањето

Во пораката потпишана од надбискупот Анџело Масафра, раководител на Одделот за зачувување на созданието при Советот на европски бискупски конференции (CCEE) ја повторува итната потреба од промена на навиките и однесувањето со цел да се запре катастрофата на нашата планета, во смисла на загадувањето, пожарите и војните.

Огромната еколошка штета на која сме сведоци, поврзана со војни, пожари и загадување, бара итна и сериозна промена во однесувањето и навиките; човечката рака која предизвикува уништување сè уште може да се запред. Тоа нека го започнат христијаните – ова се главните мисли од пораката на Советот на европски бискупски конференции (CCEE), потпишана од надбискупот Анџело Масафра, раководител на Одделот за зачувување на создаванието, а објавена на 20 август 2022 година во поглед на следниот светски Ден на молитва за грижа на создадениот свет, кој се слави на 1 септември. На тој ден ќе започне и „Времето на созданието“, посебен период за христијаните, за размислување и дејствување со цел да ја заштитиме нашата околина, Божјиот дар за човекот.

Бискупите се придружуваат на апелот упатен од папата Фрањо во неговата порака за Светскиот ден, објавена на 16 јули, во време кога – како што потсетија – беснееја пожари во различни делови на светот, уништувајќи голем дел од зелените површини на нашата планета.

Земјата гори

Во врска со ова, бискупите предупредуваат на вистинска катастрофа на Стариот континент, која во 97% од случаите се припишува на човечка рака. Во 27-те земји на Европската унија – се наведува во пораката во која се направени најновите проценки – од почетокот на годинава пожарите уништиле вкупно 517.881 хектари наспроти 470.359 хектари лани. Особено загрижувачки е тоа што научниците востановија премин од нашата антропоценска ера во следната, која веќе ја нарекоа „пироценски“, а ефектите се веќе видливи, ако се земе предвид дека емисиите на јаглерод диоксид достигна ниво за кое планетата не знае повеќе од три милиони години.

„Екоцид“ на војни

На сето ова мора да се додадат и огромните еколошки штети предизвикани од конфликтите – се нагласува во пораката – кои во Украина се уште не е можно да се проценат, но како што проценуваат украинските експерти, меѓу другото ќе биде во форма на тумори, респираторни заболувања и заостанување во развојот кај децата,. Веќе во 60-тите години на минатиот век, терминот „екоцид“ беше во мода, измислен како резултат на воената кампања во Виетнам – додаваат бискупите, а потсетуваат и на загадувањето на воздухот за време на Заливската војна (1990-1991 година). и војните во Јемен и Сирија, со контаминација на почвата и водните патишта.

Раката што спасува нека биде пред сѐ рака на христијаните

Сепак, сè уште не е сѐ изгубено. Ако човечката рака е главната причина за таквата состојба – пишуваат бискупите – тоа исто така дава надеж дека истата рака може да го спречи сето тоа. Поради оваа причина, вреди повторно силно да се поттикне она што Папата го напиша во својата порака за 1 септември, односно дека тоа не е побожен поттик, туку вистински предизвик упатен до моќниците на планетата и лидерите на богатите и сиромашните земји, како и апел за конкретно однесување и преобраќање на сите христијани, за да бидеме раката што може да го запре најавеното уништување. Затоа, 1 септември, како и целото ‘Време на созданието’, кое ќе трае до 4 октомври, нека биде можност за молитва, но пред се за сериозна промена во однесувањето и навиките – стои во пораката на Советот на европски бискупски конференции.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот