Молитвената накана на Папата за март 2022 година

Молитвената накана на Папата за март 2022 година

Христијаните секогаш знаат да промовираат заштита на животот

Молитвената накана на Папата за март, објавена од Папската светската молитвена мрежа преку видео порака, е посветена на изнаоѓање христијански одговори на биоетичките предизвици, како христијаните би знаеле за нив секогаш со молитва и општествено ангажирање да промовираат заштита на животот.

Јасно е дека науката е напредната и биоетиката денес поставува голем број проблеми на кои мора да одговориме: не можеме да ги криеме главите во песок како ноеви, рече Папата во пораката. Биотехнолошките промени секогаш мора да се користат поаѓајќи од почитувањето на човековото достоинство.

На пример, објаснува Светиот Отец, човечките ембриони не можат да се третираат како отпадни материјали за еднократна употреба – и тие се жртви на денешната култура на отфрлање. Тоа не смее да се дозволи. Така се шири таа културата која толку многу штети, вели Светиот Отец.

Не можеме да дозволиме економската добивка да биде условена со биомедицински истражувања, додава папата Фрањо.

Треба да ги разбереме длабоките промени што се случуваат со уште подлабоко, уште посуптилно расудување. Не станува збор за запирање на технолошкиот напредок. Не, во прашање е негова придружба, нагласува Папата. Станува збор за заштита на човековото достоинство и напредок. Со други зборови, не можеме да ја платиме цената на напредокот со човечко достоинство. Тие две работи одат заедно, во хармонија заедно, вели Светиот Отец.

Соочени со новите предизвици што ги носи биоетиката, се молиме христијаните да ја промовираат одбраната на животот со нивните молитви и општествено ангажирање, заклучува Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот