Ватиканските финансиски извештаи за 2014 година

Консолидираниот финансиски извештај за 2014 година на Светиот Престол покажува дефицит од 25,6 милиони евра, бројка што е близу до минатогодишните 24,4 милиони.

Додека извештајот за 2014 година на Управата на Ватикан прикажува вишок во износ од 63,5 милиони евра, со подобрување во однос на 2013 година, кога вишокот беше 33 милиони.

Во соопштение за Ватиканската прес служба се посочува дека во врска со последното заседание на Економскиот совет, на 14 јули, кардиналот Пел, одговоремн за финансиите во Ватикан и тимот на Економскиот секретаријат го претставија билансот на Светиот Престол и извештајот на Управата“, изготвени од префектурата за економски прашања, разгледани и заверени од страна на Секретаријатот, од Комитетот за ревизија и од надворешниот ревизор. Во соопштението се истакнува, исто така дека „преодниот период со новите политики оди добро и дека членовите на Советот ја искажале својата благодарност како за професионалната и плодна работа, така и за силниот ангажман при спроведувањето на финансиските реформи, одобрени од Светиот Отец“.

Што се однесува до дефицитот од 25,6 милиони евра во финансискиот извештај на Светиот Престол за 2014 година, во соопштението се забележува дека „ако и за резултатите од 2013 година се применат истите сметководствени параметри кои се користат во 2014 година, тогаш дефицитот за 2013 година ќе биде 37,2 милиони евра, односно подобрувањето во билансот за 2014 година во голема мера се должи на поволните инвестиции реализирани од Светиот Престол“.

Главните приходи за 2014 година, освен инвестициите вклучуваат добивка врз основа на канонот 1271 од Кодексот на Канонското право (21 милиони евра), како и приходите на Институтот за верски активности (50 милиони). Нето имот е зголемен на 939 милиони евра. Како и во минатите години, најголеми значителни трошоци, вклучени во извештајот на Светиот Престол, се оние за персоналот (126,6 милиони евра), за 2.880 вработени, распоредени во 64 организации.

Во соопштението се истакнува дека вишокот од 63,5 милиони на Управта во најголем дел се должи на приходите од културната дејност (главно од Ватиканските музеи) и на поволни инвестиции. Нето имот е зголемен за 63,5 милиони. Вкупниот број на вработени во Управата е 1.930 лица.

По спроведениот состанок на Економскиот совет, Секретаријатот за економски прашања беше информиран дека надворешниот ревизор го потврдил издавањето на позитивен ревизорски извештај за финансиските извештаи на Светиот Престол и Управата на Ватикан.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот