Папата во Твитер порака предупреди за злоупотреба на детскиот труд

Папата во Твитер порака предупреди за злоупотреба на детскиот труд

По повод Светскиот ден против експлоатација на детскиот труд, папата Фрањо во порака објавена на Твитер повика да не се штедат напори за да се укине злото на детскиот труд. Децата се надеж, напиша Светиот Отец, да не дозволиме да биде избришана.

Многу деца, наместо да добијат пристојно образование, се експлоатирани и подложени на ропска работа. Нека не се штедат напори за да се укине злото на детскиот труд! Децата се надеж; да не дозволиме да биде избришана!! – гласи силниот апел до меѓународната заедница што папата Фрањо го испрати на 12 јуни 2023 година преку Твитер од неговиот профил @Pontifex, на денот на Светскиот ден против експлоатација на детскиот труд.

Се работи за феномен од алармантни размери, како што предупредува УНИЦЕФ (Фонд на Обединетите нации за деца), кој известува за глобалното присуство на 100 милиони млади луѓе кои се сведени на сиромаштија од почетокот на пандемијата. Дополнително, растот на стапката на детска сиромаштија предизвика поголем ризик од детскиот труд. Имено, за прв пат од 2000 година, бројот на деца вклучени во овој вид на експлоатација се зголеми на приближно едно дете од десет во светот. Околу 50% од овие деца се многу мали и се занимаваат со опасни работи кои можат да предизвикаат физички и емоционални последици – предупредува УНИЦЕФ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот