Брифинг на Патер Ломбарди во Рио

Рио де Жанеиро, 25.7.2013 /к.мк/ – На вообичаениот брифтинг со новинарите за поминатите денови на Папата во Бразил, патер Ломбарди во среда 24 јули, повика на едноминутно молчење да и одадат почит на жртвите во тешката железничка несреќа во Сантијаго де Компостела. Можеби меѓу жртвите имаше и поклоници. Папата е известен за несреќата и секако дека се солидаризира со болката на семејствата на жртвите, и повика во овој момент на жалост да се живее верата, рече патер Ломбарди истакнувајќи ја важноста на посетата на светилиштето во Апарецида како и важноста побожноста кон Богородица на последните папи. После силниот дожд, во Апарецида и во Рио, денот на Папата беше напорен, а учеството на народот беше повеќе од очекуваното. За него ова поклонение во Апарецида и светата Литургија беа посебно важни, бидејќи својот понтификат го посвети на Блажена Дева Марија. Присуството на претставниците од Православната црква, евреите и муслиманите на литургиското славењето во Апарецида му дадоа екуменско и меѓурелигиско одбележје. Во Апарецида внатре во светилиштето, како и надвор имаше повеќе од 200 илјади поклоници и уште големо мноштво народ по улиците каде што поминуваше Папата. Зборовите на Папата на крајот од светата Литургија „догледање до 2017“ изразија воодешевување. Тогаш ќе се обележи 300 години од наоѓањето на ликот на Марија во реката Параиба. Во истата година се обележува и 100 години од укажувањата во Фатима, па Папата ќе мора да се потруди да патува и во двете Богородични светилишта – истакна патер Ломбарди. Зборувајќи за посетата на Папата на светилиштето во Апарецида, патер Ломбарди, рече дека Папата го благословил големиот кип на Свети Антон де Санатана Галвао, кој што папата Бенедикт го прогласи за светец во Сао Паоло. После ручокот со придружбата, локалните епископи и семинаристи, Папата посебно ги поздрави сите вработени во семинаријата, вклучувајќи ги готвачите и 30 клаузурни сестри кои го чекале надвор на дождот. Средбата со чесните сестри била многу срдечна. Секоја чесна сестра сакала Светиот Отец да се потпише на една книшка, а потоа се фотографилрале со него. Во семинаријата Светиот Отец поздравил и група полицајци. Практично воопштно не одмарал, бидејќи целото време пред поаѓање го поминал поздравувајќи се со сите присутни. Восхитува посебната сила на Папата, која се гледа во средбите со другите – забележа патер Ломбарди. Папата поздрави над илјада луѓе додека со папамобилот се движеше до болницата свети Фрањо. На средбата со малдите во болницата каде се лекуваат од зависност од алкохол и дрога, Папата ја потврди својата грижа за светот и младите кои страдат од зависности. Можеби говорите на Папата беа малку подолги, но го изнесоа нашироко и потполно ставот за рехабилитација и согласно каризмата на основачот на болницата брат Фрањо Белотоја, кој беше инспириран од Евангелието за лепрозните, што беше и потик – рече патер Ломбарди. Зборувајќи за зависноста Папата ги осуди попусливите политики за дрогата и алкохолот, рече патер Ломбарди и ги најави денешните случувања. (Д.И.)

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<