Денови на Света Мајка Тереза во парохијата Свети Кирил и Методиј во Петралинци

  • Сабота, 3 септември света Литургија во 19.00 часот.

Вечерна и благослов на иконата на Света Мајка Тереза во 20.00 часот и изложување иконата во Црквата Свети Кирил и Методиј во Петралинци.

  • Недела, 4 септември во 9.00 часот Пеена св. Литургија.
  • Понеделник, 5 септември во 20.00 часот св. Литургија со процесија околу Црквата со иконата на Света Мајка Тереза.
  • Вторник, 6 септември во 7.00 часот св. Литургија и во 19.00 часот Молебен на Пресвета Дева Марија.
  • Среда,7 септември во 7.00 часот св. Литургија и во 19.00 часот молење Света Бројаница, а веднаш после тоа следува посета на стари лица од страна на младите.
  • Четврток, 8 септември во 7.00 часот св. Литургија и во 19.00 часот Света Бројаница со децата кои ќе направат бројаница од свеќи заедно со младите во Црквата.
  • 9 септември (петок) во 7.00 часот св. Литургија и во 19.00 часот Молебен на Пресвето Срце Исусово.
  • Сабота, 10 септември во 19 часот св. Литургија во 20.00 часот Света Бројаница.
  • 11 септември (недела) заминуваање за Скопје каде ќе се приклучиме на заедничката прослава преку славењето на Света Евхаристија и предвидената програма.

Иконата на Света Мајка Тереза ќе биде изложена во црква Свети Кирил и Методиј во Петралинци до крајот на месец септември со цел сите оние кои нема да бидат во можност да одат за Скопје да можат да дојдат во црквата да се помолат и да побарат милости од новата Светица Мајка Тереза.

Категорија: Uncategorized

За авторот