Папата: Заедно со младите, тоа е патот!

Папата: Заедно со младите, тоа е патот!

Денес славиме Светски ден на мисиите

По молитвата Ангел Господов во неделата на 21 октомври 2018 година, папата Фрањо го поздрави големиот број поклоници и потсети дека вчера во Малага, во Шпанија е прогласен за блажен свештеникот исусовец Тибурцио Арнаис Муњоз, основач на „Мисионерките на руралната наука.“

Да му благодариме на Господ за сведоштвото на тој ревен служител на помирувањето и неуморен навестител на Евангелието, посебно меѓу најмалите и отфрлените – повика Папата и додаде: Нека неговиот пример нѐ поттикне да бидеме работници на милосрдието и храбри мисионери во сите прилики.

Денес го славиме Светскиот ден на мисиите на тема „Заедно со младите го носите Евангелието на сите“ – потсети Папата и нагласи: Заедно со младите, тоа е патот! А тоа е и реалноста во која живееме овие денови на Синодата за епископите која е посветена на младите.

Да настојуваме да ги слушаме и вклучувајќи ги откриваме многу сведоштва на младите кои во Исус ја нашле смислата и радоста на животот – рече Светиот Отец и истакна: Често тоа го нашле благодарение на други млади кои веќе припаѓаат на Неговата дружба на браќа и сестри односно на Црквата.

Мислам на многу христијани, мажи и жени, верници лаици, богопосветени лица, свештеници и епископи кои го истрошиле својот живот и го трошат далеку од своите татковини навестувајќи го Евангелието, на нив им искажуваме љубов и благодараност и за нив се молиме, заврши папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Uncategorized, Ватикан, Вести

За авторот