Сурогат мајчинството е девијантно, бидејќи животот се сведува на предмет – истакнува правникот Алберто Гамбино, претседател на италијанското pro-life здружение „Наука и живот“, осврнувајќи се на случајот од Апелациониот суд во Милано. Менувајќи ја претходната одлука, судиите дозволија упис во матична книга на родените на близнаци, признавајќи ги како деца на двајца татковци. Децата, кои се развиени од купени јаце клетки и генетски материјал на хомосексуален пар од Италија, ги роди сурогат мајка во Соединетите Американски Држави.
Првиот коментар е што таа одлука е во противречност со најмалку две важечки норми во нашата земја – рече Алберто Гамбино во разговор за Радио Ватикан и објасни дека првата се однесува на сурогат мајчинството, кое е забрането со закон, а втората исто така се однесува на законот кој на родители од ист пол не им се дава можноста за посвојување деца. Со креативно толкување овие два закони се заобиколени – истакнува правникот.
Напоменувајќи дека во овој случај жената која ги родила близнаците, бременоста е нарачана, претседателот на pro-life здружението „Наука и живот“ објаснува дека тоа го забрануваат италијанските закони, токму поради тоа што не станува збор за слободен договор, туку се искористува сиромаштијата на жената, која од потреба во утробата носи дете, кое во моментот на раѓање ќе ѝ биде одземено. А тоа е потполно неприродно и девијантно.
На новинарска забелешка дека секогаш не може да се зборува за „сурогат мајчинство“, бидејќи има случаи во кои станува збор за солидарност, Гамбино истакна дека тоа е чиста лага. Би сакал да видам жени, кои слободно, од љубов, поради солидарност, се откажуваат од нешто што е највредно, односно човечкиот живот кој го носат во утробата. Мораме да бидеме внимателни на тоа и тука не смееме да попуштаме; станува збор за јасно искористување на сиромаштијата, а понекогаш и очајот на жените – предупредува правникот.
Тој истакнува дека повторно најслабиот субјект, детето, како личност е занемарено и станува предмет на желби. Претседателот на здружението „Наука и живот“ забележи дека судиите се повикуваат на „најголема корист за малелетникот“, но и тој интерес – како што истакнува Гамбино – треба да го каже самиот малолетник! При тоа додаде дека не е убеден дали најголем интерес за детето е да има двајца татковци.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк