Почина најстариот епископ на светот

Почина најстариот епископ на светот

Најстариот епископ на светот надбискупот Бернардино Пишера Карвало почина минатата недела во домот за пензионирани свештеници во главниот град на Чиле. Тоа го пренесе Епископската конференција на таа јужноамериканска држава.

Претходно монс. Пинера бил хоспитализиран заради тоа што бил заболен од Ковид-19. Но, како што пренесува владата на Чиле коронавирусот не била причината за смртта на најстариот надбискуп на светот, кој освен тоа беше и чичко на сегашниот претседател Себастијан Пишера.

Портпаролката на владата Карла Рубилар објави дека надбискупот Пишера бил човек кој живеел прилично долг живот и навистина го надмина Ковид-19. На погребот на покојниот надбискуп присуствуваа членовите на потесното семејство, меѓу останатите и претседателот на Чиле. (…)

Во моментот најстариот епископ на светот е шпанецот монс. Дамиjан Игуасен Борау роден на 12 февруари 1916 година

Категорија: Вести, Свет

За авторот