Папата Фрањо е отпуштен од болницата – се врати во Ватикан

Папата Фрањо е отпуштен од болницата – се врати во Ватикан

Папата ја напушти болницата Џемели во среда наутро, 14 јули 2021 година и најпрво ја посети базиликата Света Марија Велика каде се помоли пред иконата на Богородица Salus Populi Romani – Спасение на римскиот народ – пред да се врати во Ватикан кратко пред 12 часот.

Директорот на канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, потврди дека Светиот Отец е отпуштен од болницата „Агостино Џемели“ околу 10.30 часот утрово.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој истакна дека „пред да се врати во Ватикан, Папата ја посети базиликата Света Марија Велика каде што пред иконата на Богородица Salus Populi Romani, изрази благодарност за успешната операција и се помоли за сите болни, особено за оние што ги сретнал за време на неговиот престој во болница. Непосредно пред пладне се вратил во Домот Света Марта.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот