Советот на кардинали расправаше за реформи во Римската курија
Во четврток 3 октомври Советот на Кардинали ја заврши својата прва официјална средба. На конференцијата за печат, патер Ломбарди изјави дека како резултат од советувањата е произлезена потребата за реформа во Римската курија, додавајќи дека се размислува за нови регулативи. Наканата е да се одреди улогата на Куријата, која мора да и служи на општата Црква, но и на локалната, а во тие рамки се вклопува и улогата на Државниот секретаријат, кој – како што рече патер Ломбарди – мора да биде вистински папски секретаријат. Размислувањата за улогата на Држаниот секретаријат ќе му бидат од голема корист на папата Фрањо, бидејќи новиот државен секретар ќе стапи на служба на 15 октомври – изјави патер Ломбарди.
На прес конференцијата е објавено дека од 3-5 декември оваа година Советот на Кардинали ќе се сретне по втор пат во Ватикан. Третата седница се планира да се одржи во текот на месец февруари наредната година.
го*ко