Објавен документ за работата на Епископската синода

Објавен документ за работата на Епископската синода

Во Ватикан од 3 до 28 октомври 2018 година се одржува редовната Епископска синода на тема: Младите, верата и распознавањето на звањата“. Непосредно пред почетокот на Синодата на 1 октомври 2018 година се објавени упатствата за работа на синодските собранија и работата на Генералниот секретаријат на Епископската синода.

Документот се состои од два дела, а имаат по четири поглавја. Првото поглавје има два параграфа, кои се однесуваат на власта на Римскиот епископ, каде во првиот дел се одредува дека Римскиот епископ, на кого директно е подложна Епископската синода, има право: 1. Да свика Епископска синода кога смета дека е потребно и да го одреди местото каде ќе се одржуваат седниците; 2 Правовремено да ја одреди темата или темите со кои ќе работи, користејќи и советувања со епископи на начин кој го смета за најсоодветен; 3 Го потврдува изборот на членовите и другите именувањето; 4 Лично или преку претставник претседава со синодските седници; 5 Одлучува за завршниот документ; 6 Ги ратификува и евентуално завршните документи, кога во одредени случаи е овозможено на синодата да донесува одлуки; 7 Да ја затвори, осовремени, пресели, укине или да ја распушти Синодата.

Вториот параграф зборува во случај на празен Петров Престол или спреченост на Апостолскиот Престол по свикувањето на Синодата или за време на нејзината работа, таа веднаш се укинува до одлуката на новиот Римски епископ.

Второто поглавје има седум члена, кои по ред се занимаваат со членовите или со синодските оци. Синодата се состои од редовни членови на Генералното собрание, вонредни членови на Генералното собрание, посебни членови на собранието, членови на собранието со друг облик, членови именувани од Папата во сите собранија. На крајот се зборува за начинот на избор на членовите спрема способноста и другите критериуми и се одредува нивниот број.

Третото поглавје од 4 до 8 член зборува за Генералното Собрание. Во нив се зборува за одредувањето, именувањето и задачите на Генералниот секретар на Синодата, заменик секретарот, редовниот совет на Генералниот секретаријат и другите совети на Генералниот секретаријат.

Четвртото поглавје во 9 члена објаснува и ги одредува телата и задачите за време на синодската седница. Меѓу нив се вбројуваат делегат претседател, главен модератор, посебен секретар, комисија за информирање, комисија за изработка на конечниот документ, стручни комисии, формирање и задачи на комисијата за несогласувања. Во поглавието се зборува и за избор на членови на сите тела, задачи и тела на посебното собрание и другите видови собранија.

Вториот дел во четири поглавја се занимава со процедурите. Првото поглавје е посветено на литургиските славења, облеката која се користи за време на собранието, право на првенство, службен јазик, обврска за пријавување на отсуство, обврска за чување на тајни, гласање за процедурата и начинот на гласањето.

Второто поглавје од вториот дел, во членовите од 29 до 32 се однесуваат на начинот на дискусија за темите: дискусија за темите на Генералните конгрегации и дискусии за темите во мали работни групи, а зборува и за модераторот, претседателот и секретарот на работните групи, гласањето и известувањето.

Третото поглавје, во членовите 33 до 35 се занимава со изработка на завршниот документ. Пред сѐ се зборува за претседателството и изработката на нацрт завршен документ; дискусија за нацрт завршен документ; изработка, претставување и гласање за завршниот документ.

Четвртото поглавје зборува за завршната обврска за подготовка на извештајот за работата на синодата.

Документот за работата на Синодата го објави Генералниот секретаријат на Епископската синода на 1 октомври 2018 година со потпис на Генералниот секретар на Синодата, кардинал Лоренцо Балдизери и заменик секретарот, епископот Фабио Фабене.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот