Папата Фрањо се сретна со германските епископи

Папата Фрањо на средбата со германските епископи, изјави дека претстојниот Јубилеј на милосрдието е можност да „се откријат тајните на Исповедта и Евхаристијата.“

Германските епископите се сретнаа со Светиот Отец по повод посетата „Ad limina“ на Рим. Во говорот кон епископите за време на средбата, папата Фрањо потенцира дека има пад на учеството во Светите Тајни на католиците во Германија.
„Додека во 1960 година верниците, речиси насекаде присуствуваа на литургија секоја недела, денес тие често се само 10 проценти“, рече Папата.
„Светите Тајни се практикуваат сѐ поретко“, продолжи папата Фрањо.
„Светата Тајна Исповед често недостасува. Се помалку католици ја примаат Светата Тајна Миропомазание или склучуваат католички брак. Бројот на оние кои го избираат свештеничкиот повик и богопосветениот живот е значително намален. Со оглед на овие факти, навистина може да се зборува за пад на католичката вера во Германија.“
Папата Фрањо изјави дека решавањето на кризата зависи од надминувањето на „парализираното помирување“, и не може да се заснова на искуството на обновување на остатоците од старите добри времиња во минатото“, туку може да се побара инспирација во животот на раните христијани.
Папата Фрањо ги повика епископите да обрнат внимание на парохиските заедници, да се грижат за Исповедта и Евхаристијата и да не ја потценуваат „скапоцената помош на лаиците“, сметајќи ја за „сурогат на светото учење“.
Црквата не треба да се уморува да го брани животот и никогаш да не отстапува, нагласувајќи дека човечкиот живот мора да биде заштитен безусловно од зачнувањето до природната смрт“, истакна Папата.
Папата исто така зборуваше за бегалската криза, која ја засега Европа и се заблагодари на црквите и на поединечните граѓани кои дале помош и дом на оние кои „бараат азил од војните и прогонот“, за нивната материјална и човечка помош.
„Во духот на Христос, ние треба да продолжиме да се соочи со предизвиците на огромниот број на луѓе во потреба“, рече папата Фрањо. „Во исто време, треба да ги поддржуваме сите хуманитарни иницијативи за да гарантираме создавање на толерантни услови на живот во земјите од кои доаѓаат бегалците.“
РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот