Папата Фрањо до патријархот Вартоломеј: Работиме заедно во соочувањето со денешните предизвици

Папата Фрањо до патријархот Вартоломеј: Работиме заедно во соочувањето со денешните предизвици

Во писмото до „драгиот брат“ по повод 30 годишнината од изборот за екуменски цариградски патријарх, папата Фрањо ги спомна длабоките врски развиени во годините на неговото папство и поттикна да продолжат заедно да одат по патот на повторно воспоставување на полно заедништво и соработката пред денешните предизвици, започнувајќи од климата.

Ad multos annos! На многаја лета! – напиша папата Фрањо во писмото на англиски јазик упатено до цариградскиот патријарх Вартоломеј, кој пред 30 години го презеде водството на Екуменскиот цариградски патријархат. Папата во писмото го нарекува „драг брат“, како повеќе пати во речиси девет години папство при што со него воспостави сѐ подлабоко однос, насочен исто така на зближувањето на катедрите на свети Петар и Андреј и на зајакнување на соработката во соочувањето со предизвиците на современиот свет.

Папата во писмото повикува од Бог за патријархот здравје, духовна радост и изобилна милост, во секој аспект ја поддржува неговата важна служба. Освен тоа, Светиот Отец изразува благодарност за длабоката лична врска воспоставена со патријархот од – како што пишува, времето на инаугурацијата на мојата папска служба, кога ме почестивте со своето присуство во Рим и со светата Литургија на почетокот на папството, на 19 март 2013 година. Таа врска со текот на времето стана братско пријателство зајакнато и зголемено со големиот број средби. И тоа не само во Рим – рече Папата, туку и во текот на меѓународните патувања во Турција, Ерусалим, Асиз, Каиро и на Лезбос, заедно со атинскиот архиепископотЈеронимос, меѓу мигрантите во кампот Морија. Потоа и во Бари и неодамна во Будимпешта на Меѓународниот евхаристиски конгрес.

Спомнувајќи ги неодаменешните средби во Рим, Папата повторно изрази благодарност за присуството на цариградскиот патријарх кое го покажува сфаќањето за заедничките пасторални одговорности пред итните предизвици со кои целото човечко семејство денес мора да се соочи. Папата Фрањо притоа изрази посебна благодарност за ангажирањето на Вартоломеј во зачувувањето на целото создание и неговото размислување за таа тема од кое многу се научи и понатаму многу се научува. Со избувнувањето на пандемијата и сериозните здравствени, општествени и економски последици, Вашето сведоштво и поука за потреба од духовно преобраќање добија трајна важност – напиша Папата.

Освен тоа изрази искрена благодарност до патријархот и затоа што постојано предупредува на патот на дијалогот во љубовта и вистината, како единствен можен пат за помирување меѓу оние кои веруваат во Христа и за повторно воспоставување на полното заедништво. Долг е тој пат кој папата Фрањо постојано го повикува веќе со години и кој – како што вели денес, со Божја помош целосно ќе продолжи. И ќе го продолжиме заедно затоа што близината и солидарноста меѓу нашите Цркви се назаменлив придонес за општото братство и општествената праведност кои на човештвото итно му се потребни – напиша Папата во писмото до патријархот Вартоломеј.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот