Папата Фрањо именува нов бискуп во Дубровник

Папата Фрањо именува нов бискуп во Дубровник

Роко Гласновиќ, свештеник на Шибенската бискупија, е новиот бискуп на Дубровник

Папата Фрањо за нов бискуп на Дубровник го назначи дон Роко Гласновиќ, свештеник на Шибенската бискупија. Роден е на 2 јули 1978 година во Шибеник, Дон Роко Гласновиќ посетувал основно училиште во Јањево на Косово (1985-1990) и во Шибеник (1990-1993). Посетувал средно техничко училиште во Шибеник (1993-1997), а студирал една година на Правниот факултет во Сплит (1998-1999).

Од 1999 до 2005 година студирал теологија на Католичкиот богословски факултет во Сплит. За свештеник на Шибенската бискупија е ракоположен на 2 јули 2005 година. Од 2005 до 2008 година ги продолжил студиите по Пасторална теологија на Папскиот Латерански универзитет во Рим.

Во 2008 година ја презема службата парох во парохијата „Посета на Пресвета Богородица“ во Њивице, Шибеник, каде што останува до 2009 година. Од 2008 година е и одговорен за пасторална грижа за брак и семејство, а од 2009 година е личен секретар на бискупот. Во 2012 година станува член на Советот за живот и семејство на Хрватската бискупска конференција.

Од 2014 до 2017 година бил администратор на парохијата „Света Маргарита“ во Јадртовац, а од 2017 до 2019 година управител на парохијата „Свети Петар“ во Каприје и „Вознесение на Блажена Дева Марија“ во Жирје. Од 2017 година е економ на Шибенската бискупија, директор на Католичкиот училишен центар и раководител на Бискупската канцеларија за училишта. Покрај тоа, тој е член на Свештеничкиот совет на Шибенската бискупија, член на Економскиот совет на бискупијата и на Комисијата за католички училишен центар и за католичкото основно училиште.

Покрај хрватски, зборува италијански и англиски јазик.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот