Папата до ФАО: Работете на искоренување на гладот

Папата до ФАО: Работете на искоренување на гладот

Во пораката до 43. сесија на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, што се одржува во Рим од 1 до 7 јули, папата Фрањо повика на „заедничка, мултилатерална акција“ од сите народи и организации „за искоренување на злото на глад од кој страдаат милиони луѓе ширум светот.

Сите народи и меѓународната заедница мора да се заложат за искоренување на злото на глад.

Овој апел го упати папата Фрањо во пораката до учесниците на 43. сесија на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), што се одржува во Рим од 1 до 7 јули 2023 година.

Во пораката, со датум од 1 јули и напишана на шпански, Папата срдечно ги поздравува сите учесници на конференцијата и го охрабри генералниот директор на ФАО да продолжи со својата посветеност „во време кога се неизбежни одлучни и компетентни дејствија за искоренување на злото на гладот во светот“.

Тежок прекршок против човечкото достоинство

„Сиромаштијата, нееднаквоста, недостигот до основните ресурси како што се храната, водата за пиење, здравствената заштита, образованието, домувањето се сериозен удар врз човечкото достоинство“, истакна Папата, посочувајќи дека исто така „масовните раселувања, во комбинација со други ефекти од политичките, економските и воените тензии на глобално ниво ги поткопуваат напорите да се обезбеди подобрување на животните услови на луѓето кое им следува заради нивното вродено достоинство“.

Не на идеолошка колонизација

Целта на ОН „Нулта глад“, која 2030 година ја постави година како краен рок за обезбедување храна за целото човештво, „нема да се постигне во временските рамки поставени од меѓународната заедница“, велат експертите. Сепак, оваа неспособност за исполнување на обврските не треба да доведе до промена на првичните намери во нови преработени програми кои не ги земаат предвид реалните потреби на локалните заедници. Оваа „идеолошка колонизација“ што ги менува културните различности и традиционалните специфичности „во име на кратковидната идеја за напредок“ мора да се избегне.

Заложбата на Светиот Престол во борбата против гладот

Затоа е неопходна „заедничката акција и соработка“ на целото семејство на народи. „Не може да има простор за конфликт или спротивставување кога огромните сегашни предизвици бараат холистички и мултилатерален пристап“, истакнува Светиот Отец, повикувајќи ги на заеднички напори „владите, бизниз заедницата, академската заедница, меѓународните институции, граѓанското општество и поединците“ и координирање на одлучни превентивни мерки за доброто на сите, особено на најсиромашните“. Светиот Престол, од своја страна – заклучува Папата – „ќе продолжи да го дава својот придонес никој да не биде лишен во нашиот свет од секојдневниот леб и да се обезбеди на нашата планета потребната заштита за таа повторно да стане прекрасна градина, излезена од рацете на Создателот за радост на луѓето“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот