Папата Фрањо му го честита роденденот на почесниот папа Бенедикт XVI

Ватикан, 16.4.2013 /к.мк/ – Овој вторник наутро папата Фрањо во телефонски разговор му го честита роденденот на неговиот претходник Бенедикт XVI. Ова го изјави гласноговорникот на Светата Столица, отец Федерико Ломбарди во вторник. Папата Фрањо се јави во Кастел Гандолфо, каде што Бендикт XVI со своите најблиски го прославува својот 86 роденден. Исто така во Кастел Гандолфо се наоѓа и постариот брат на почесниот папа, Георг Рацингер. На 19 април е денот кога Бенедикт XVI пред осум години беше интронизиран во Петровата служба.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<