Папата до младите од Опус Деи: Барајте го Христос

Папата до младите од Опус Деи: Барајте го Христос

Во рамки на својот годишен состанок, UNIV форум, младите од прелатурата на Опус Деи учествуваа на Генералната аудиенција на 28 март 2018 година и во таа прилика со Светиот Отец ги споделија активностите и проектите на кои работат за време на Великата седмица.

Овие денови на програмата не е само распознавање на повикот, туку и дискусии, како и претставување на проекти за солидарности и волонтерство. На Папата само сакаме да му ја искажеме нашата близина и да му ги понудиме нашите молитви – изјавија овие млади во кратка изјава за Радио Ватикан. Но исто така сакаме да нѐ упати како да делуваме и што треба да направиме за да бидеме близу до општеството, а посебно до оние на кои близината им е најпотребна.

Токму папата Фрањо минатата недела, на почетокот од нивната средба, испрати порака барајќи од присутните, кои беа повеќе од 2.500 од целиот свет, да се подготват за учество на следната синода. Ќе биде добро за вас ако својот поглед го упатите кон Иван, најмладиот ученик кој Исус посебно го љубеше, апостолот на кој Исус му ја подари Марија, како наша Мајка. Тој ќе ве научи како да го препознаете Исус кога минува во вашиот живот и како да го следите ревносно и со радост која го исполнува срцето и животот на оние кои ќе се сретнат со Исус  – напиша папата Фрањо во пораката.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот