Папата: Уметноста воспоставува братство; нема тука пријатели и непријатели

Папата: Уметноста воспоставува братство; нема тука пријатели и непријатели

Пред Генералната аудиенција Папата во малата сала покрај салата Павле VI ги поздрави уметниците кои ќе настапат на овогодинешниот Божиќен концерт, и им се заблагодари за поддршката која преку приходот од концертот ќе овозможи образовни проекти во Либанон и на Хаити.

Божиќ во светот ја донесува Божјата нежност, будејќи во сите радост и надеж. Тие чувства и вие уметниците, знаете да ги оживеете и да ги ширите своите таленти – се првите зборови кои папата Фрањо ги упати до организаторите и уметниците, учесници на 29. Божиќен концерт кој ќе се одржи на 16 декември 2021 година во концертната сала Conciliazione во Рим, а на Бадник навечер ќе се емитува на италијанската телевизија Canale 5.

Нежноста се раѓа од љубовта, таа е како јазикот на љубовта; (…) гестот на љубовта е наједноставен (…) Во јаслите ја гледаме љубовта на мајката, љубовта на таткото; ги гледаме пастирите кои се трогнати пред штотуку роденото Дете, ангели кои го слават доаѓањето на Господ… Сѐ е исполнето со чувството на чудење и љубов која води до нежноста. Тоа сакам да го повторам: Божјиот јазик е близината, сочувствувањето и нежноста. Тие три работи одат заедно – истакна Папата. (…)

На Божиќниот концерт ги нудите своите уметнички квалитети за да поддржите образовни проекти; наменети најмногу за децата и младите во двете земји во кои условите се многу оскудни: на Хаити и во Либанон – напомена Папата.

Либанон го поддржуваат храбрите салезијанци кои секогаш измислуваат нешто за да одат напред. И тоа е ветување на животот. На Хаити го поддржува Scholas Occurrentes, Папско движење кое многу добро го води монс. Зани – истакна Папата. Вашата музика, вашата песна помага да се отвори срцето за да не ги заборавиме оние кои страдаат и за да преземеме конкретни гестови на солидарност кои донесуваат радост во многу семејства кои низ образованието сакаат на своите деца да им пружат иднина.

Со нежноста и радоста во витлеемската пештера за човештвото се запали и надежта. Говорејќи за надежта Папата ја спомна пандемијата која оптерети и оптеретува многу деца исклучени од секоја воспитна активност, како и „други пандемии“ кои пречат на ширењето на културата на дијалогот и вклучувањето. Потребно е да се ангажираме за да им се загарантира на сите млади луѓе можноста на развој и образование; треба да се вложува во воспитанието – истакна Светиот Отец и објасни, тоа значи помош на момчињата и девојките со надеж да гледаат во иднината.

Светлста на Божиќ ни дава повотрно да го откриеме чувството на братство и нѐ поттикнува на солидарност со оние кои се во потреба, затоа што – истакна Светиот Отец, во образованието престојува семето на надежта. Вие во уметноста веднаш воспоставувате братство, во уметноста нема пријатели и непријатели, сите сме еднакви, сите пријатели, сите браќа. Вашиот јазик на изразување е плоден – истакна папата Фрањо и се заблагодари на уметниците за нивната великодушност, посакувајќи им секогаш да бидат гласници на нежноста, радоста и надежта.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот