Молитва на Светиот Отец во Музејот на окупацијата

Молитва на Светиот Отец во Музејот на окупацијата

Во текот на посетата на Музејот на окупацијата и борбата за слобода во главниот град на Литванија, Светиот Отец во молитва ги спомна жртвите на прогоните и мачеништвото и се молеше за литванскиот наод и за сите оние кои денес трпат.

По средбата со свештениците, монасите, монахињите и семинаристите во катедралата во Каунас, папата Фрањо се врати во Вилнус каде се одржа еден од главните моменти од неговата посета на Литванија. Имено, Светиот Отец вториот ден од своето апостолско патување го заврши со посетата на Музејот на окупацијата и борбата за слобода и Споменикот на жртвите на советската окупација. Пред тоа се задржа пред Споменикот на жртвите од гетата во историскиот центар на Вилнус, токму на 75 годишнината од неговото целосно уништување.

Молитвата на папата Фрањо

„Боже Мој, Боже Мој, зошто Си Ме оставил?“ (Мт 27,46)

Твојот крик, Господи, сѐ уште се слуша. Одекнува од овие ѕидови кои потсетуваат на страдањето кое го поднеле многу синови и ќерки на овој народ. Литванците и припадниците на другите народи ја платиле со своите животи цената на жедта за апсолутна моќ на оние кои бараат потполна доминација.

Твојот крик Господи, одекнува во крикот на невините кои во заедништво со Тебе, плачат во небото. Голем е тој петок на жалоста на горчината, напуштеноста и немоќта, суровоста и бесмислата кои литванскиот народ го искусил како последица на незаузданата амбиција која срцето го прави тврдо и слепо.

На ова место, Господи, се молиме Твојот крик да нѐ одржи будни. Твојот крик да нѐ ослободи од духовната болест која за нас како народ, ни е постојано искушение: заборавот на искуствата и страдањата на оние кои си заминале пред нас.

Дади во Твојот крик и во животите на оние кои толку многу страдале во минатто да пронајдеме храброст одлучно да се ангажираме за сегашноста и иднината. Дади тој крик да нѐ охрабри да не подлегнеме на модата на денешницата, со едноставните слогани или обиди на било кој човек да се намали или да му се одземе достоинството кое си му го дал.

Господи, нека Литванија биде светилник на надежта. Нека биде земја на сеќавањето и делувањето, постојано предана на борбата против секоја неправда. Нека пронаоѓа секогаш нови начини во заштитата на правата на секој човек, посебно на оние кои се најслаби и ранливи. Нека Литванија биде учителка на помирувањето и усогласувањето на различностите.

Госпиди, дади да не сме глуви на молбите на сите оние кои денес плачат во небото.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот