Папата Фрањо: Свештениците нека им носат на болните Причест

Папата Фрањо: Свештениците нека им носат на болните Причест

На 10 март  2020 година, Папата ја служеше втората света Литургија во домот Света Марта која беше директно пренесувана по пат на електронските медиуми.

На новото охрабрување до здравствените работници кои се борат против КОВИД-19 и поттикнувањето на молитва, Папата ја додаде и препораката да се молиме за свештениците, за да имаат храброст да одат и да им носат Причест на оние кои се болни или мора да останат дома.

Да го молиме Господ за нашите свештеници за да имаат храброст да излезат и да одат кај болните, носејќи им ја силата на Божјото Слово и Евхаристијата, и да ги придружуваат здравствените работници и волонтерите во таа работа која ја работат – рече папата Фрањо на светата Литургија која беше директно пренесувана од домот Света Марта. Во проповедта Папата зборуваше за Евангелието од Литургијата кое зборува за книжниците и фарисеите во тоа време кои лицемерно ја покажувале својата надмоќ над луѓето нарекувајќи се учители, но одбивале доследно да се однесуваат.

Вчера Божјото Слово нè поучуваше да ги признаеме своите гревови и да ги исповедаме, но не само со умот, туку и со срцето, со духот на срам како благороден став пред Бог заради нашите гревови – рече Светиот Отец и истакн: Денес Господ сите нас грешниците нè повикува да водиме дијалог со Него, затоа што гревот нè затвора во нас самите, нè тера да се сокриеме и да ја сокриеме својата вистина во себе. Тоа им се случило на Адам и Ева. Откако погрешиле, се сокриле, затоа што им било срам; биле голи. И грешникот кога ќе почувствува срам, потоа е во искушение да се сокрие. Но, Господ повикува: „Ајде, дојди да дискутираме, да разговараме за вашиот грев и за ситуацијата. Не плаши се!“ И продолжува: „Гревовите ваши да се и како бакам, – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур, – како волна ќе станат бели.“ Дојдете затоа што јас сум способен сè да променам – вели Господ, не плашете се да дојдете да разговараме, и покрај својата беда, бидете храбри.

Се сеќавам на еден светец кој се постојано се каеше и многу се молеше – рече папата Фрањо и напомена: Секогаш настојуваше на Господ да му го даде сето она што го бараше. Но, Господ не беше задоволовен. И еден ден кога малку му се налути на Господ затоа што беше темпераментен, и му рече: „Господи, не те разбирам. Сè ти давам, а ти секогаш си незадоволен, како нешто да недостасува. Што недостасува? Господ му одговори: „Дади ми ги своите гревови. Тоа е она што недостасува.“ Тоа значи да имаш храброст да излезеш од својата беда, да разговараш со Господ: „Ајде, дојди! Да дискутираме! Не плаши се! „Гревовите ваши да се и како бакам, – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур, – како волна ќе станат бели.“

Тоа е повикот на Господ – рече Папата и истакна: Но секогаш постои и искушение, наместо да одиме да разговараме со Господ, се правиме дека не сме грешници. Тоа е она зашто Господ ги укорува книжниците. Тие луѓе прават дела за луѓето да им се восхитуваат, ги истакнуваат своите записи од законот и прават големи поли на својата облека; сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогитени поздрави по улиците, и да им велат луѓето »учителе, учителе!« Тоа е надворешност и суета. Тоа значи своето срце да го покриеш со суета, а суетата никогаш не оздравува! Уште повеќе отворна е, донесува болест и го закоравува срцето кое ви вели: „Не одете кај Господ, останете тука.

Суетата е токму местото каде се затвораме за Господовиот повик. Меѓутоа Господовиот повик е повик на татко и брат: Дојдете! Да разговараме, да разговараме! Можам да го променам вашиот живот! Нека тие Господови зборови нè охрабрат; нека нашата молитва биде реална молитва во врска со нашата реалност, гревовите и бедата. Разговарајте со Господ. Тој знае што сме. И ние знаеме, но суетата секогаш нè повикува тоа да го покриеме. Нека Господ ни помогне! – заврши Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот