Кардинал Хозе Толентино де Мендонса е именуван за префект на Дикастеријата за култура и образование

Кардинал Хозе Толентино де Мендонса е именуван за префект на Дикастеријата за култура и образование

Папата Фрањо го именува кардинал Хозе Толентино де Мендонса, поранешен архивар и библиотекар на Светата Римска Црква, за префект на Дикастеријата за култура и образование, објави во понеделник, 26 септември Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Папата го именува и секретарот на Дикастеријата за култура и образование, монс. Џовани Чезаре Пагаци, редовен професор по еклисиологија и семејна заедница на Папскиот теолошки институт „Иван Павле II“ за брачни и семејни науки во Рим.

Монсињор Пагаци, роден во Крема (Италија) на 8 јуни 1965 година, е ракоположен на 23 јуни 1990 година за свештеник на бискупијата Лоди. По неговата диплома и докторат по теологија на Папскиот Грегоријански универзитет во Рим, предавал на различни италијански факултети и црковни институти. Во моментов, меѓу другото, тој е редовен професор на Папскиот богословски институт за брачни и семејни науки „Иван Павле II“ во Рим и заменик директор на Институтот за религиски науки „Сант Агостино“ во Лоди. Од октомври 2021 година, тој е советник на Дикастеријата за наука на верата.

Новиот архивар и библиотекар на Светата Римска Црква е монс. Анџело Винченцо Зани, поранешен секретар на поранешната Конгрегација за католичко образование, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Потсетуваме дека како дел од реформата на Римската курија, објавена со Апостолската конституција „Praedicate Evangelum“, беше формирана Дикастеријата за култура и наука, која ги соедини надлежностите на претходната Конгрегација за католичко образование и Папскиот совет за култура.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот