Папата Фрањо го прими големиот имам на Ал-Азхар

Папата Фрањо го прими големиот имам на Ал-Азхар

На 7 ноември 2017 година Светиот Отец во Ватикан го прими големиот имам на универзитетот Ал-Азхар, професорот Ахмад-Мухамад Ал-Тајиб со неговата придржуба.

Таа средба беше трета можност за разговор на папата Фрањо и светскиот лидер на сунитскиот ислам. Првата средба се случи на 23 мај минатата година во Ватикан, а втората во Каиро, на 28 април ова година, кога Папата учествуваше на Форумот за мир во Ал-Азхар. За двајцата таа последна средба беше момент за взаемно обврзување за мир и против фундаментализмот и екстремизмот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот