Папата пристигна во САД
Папата Фрањо во вторник 22 септември поладне според локално време со авиокомпанијата Ал Италија слета на воздухопловната база Ендрју во Вашингтон. По излегувањето од авионот беше поздравен од американскиот престедател Барак Обама со сопругата и ќерките, а потоа и од американските епископи.
Во знак на добредојде четири деца од четири католички американски училишта на Папата му поклонија цвеќиња. По краткото задржување во просторот на базата, Папата со возило се упати во зградата на Апостолската нунцијатура во Вашингтон. Папата во среда 23 септември ќе се сретне во Белата куќа со американскиот претседател Обама.
к.мк/го*ко