Есперанто, универзален јазик против конфликти

Есперанто, универзален јазик против конфликти

Неодамна одржаниот светски конгрес во Торино, со повеќе од илјада експерти и ентузијасти, ја истакнаа улогата на тој вештачки јазик создаден пред 150 години, нудејќи се себеси како врска на мирот и разбирањето надвор од културните и идеолошките бариери.

Главна тема на Конгресот беше „Миграцијата – место на средба на човечките вредности“. Беа одржани низа теоретски предавања, но и практични, на кои учествуваа луѓе кои самите ги доживеале сите маки на миграцијата или кои учествувале во грижата за мигрантите.

Јазикот на мирот, еднаквоста меѓу народите и братството, способен да собере говорници од целиот свет. Тоа е „повикот“ на есперанто, вештачки јазик развиен во втората половина на 19 век од полскиот лингвист Лазар Лудвик Заменхоф, а се проценува дека има следбеници во најмалку 120 земји во светот, главно во Европа. Бразил и Кина. Бројни чувари на јазикот се собраа во Торино од 29 јули до 5 август, на 108. Светски есперанто конгрес. Конгресот изболиуваше со научни, технички и литературни конференции кои привлекоа околу 1.300 есперантисти од 69 земји во Торино.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот