Мир во Украина, Зупи како папски пратеник во Киев на 5 и 6 јуни

Мир во Украина, Зупи како папски пратеник во Киев на 5 и 6 јуни

Кардиналот Матео Марија Зупи ќе престојува во Украина на 5 и 6 јуни како папски пратеник со цел да ги сослуша украинските власти за можните начини за постигнување праведен мир.

Во врска со она што Светиот Престол претходно го соопшти, известуваме дека на 5 и 6 јуни 2023 година, кардиналот Матео Марија Зупи, надбискуп од Болоња и претседател на Италијанската бискупска конференција, ќе го посети Киев како пратеник на Светиот Отец. Станува збор за иницијатива чија главна цел е внимателно да ги сослуша украинските власти за можните начини за постигнување праведен мир и да ги поддржи гестовите на хуманост кои придонесуваат за смирување на тензиите, стои во сооштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, објавено во понеделникот, 5 јуни.

Потсетуваме дека Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 20 мај објави дека папата Фрањо му ја довери задачата на кардиналот Матео Марија Зупи да ја води мировната мисија во договор со Државниот секретаријат, што ќе придонесе за намалување на тензиите во конфликтот во Украина. со надеж која никогаш не била напуштена од Светиот Отец, дека тоа може да ги поттикне патиштата кон мирот.

Исто така, минатата недела ватиканскиот секретар за односи со држави и меѓународни организации, надбискупот Пол Ричард Галагер, даде интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“ во кое се осврна на дипломатските напори на Светиот Престол за постигнување мир во Украина. Запрашан за претстојната мисија на италијанскиот кардинал Матео Марија Зупи во Украина и Русија, надбискупот Галагер објасни дека спецификите на мисијата сè уште се проучуваат, додавајќи: „Во исто време, се надеваме и се молиме за оваа деликатна мисија, знаејќи дека брзината и времето се исто така многу важни фактори“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот