Папата за Синодата: Учество на сите под водството на Светиот Дух

Папата за Синодата: Учество на сите под водството на Светиот Дух

Во Ватикан на 9 октомври 2021 година се одржа момент на размислување по повод почетокот на синодското патување кое папата Фрањо ќе го отвори во недела на 10 октомври 2021 година со света Литургија во базиликата Свети Петар.

Папата истакна дека не е потребно да се создаде друга Црква, туку „поинаква Црква“, отворена за новостите кои Бог сака да ги предложи, слушајќи, одејќи со Dухот, затоа што Духот ни е потребен, потребен ни е секогаш нов Божји здив кој ослободува од затворањето, го оживува она што е мртво, ги прекинува синџирите.

Синодата е процес, не без ризик, но исто така е пат кој треба заедно да се помине за да се искористат големите прилики – рече папата Фрањо по повод моментот на размислување одржан на 9 октомври 2021 година во Новата синодска сала во Ватикан, по повод почетокот на синодското патување. Напомена дека Синодата не е парламент, не е ниту истражување, туку црковен момент, а протагонист е Светиот Дух. На почетокот на говорот Папата ги истакна клучните зборови на синодата: заедништво, учество и послание.

Заедништво, учество, послание

Истакнувајќи дека заедништвото и посланието се „теолошки изрази“, Папата додаде дека тие го означуваат таинството на Црквата кое треба да се спомнува. Вториот ватикански собор објасни дека заедништвото ја изразува самата природа на Црквата и истовремено потврдува дека Црквата го примила посланието за навестување и воспоставување на Христовото и Божјото царство во сите народи. Затворајќи ја Синодата во 1985 година и свети Иван Павле II истакна дека природата на Црквата е „koinonia“ заедништво; од него – објасни папата Фрањо, произлегува посланието на Црквата да биде знак на интимно соединување на човечкото семејство со Бог.

Заедништвото и посланието би можеле да останат по малку апстрактни поими ако не се негува црковната практика која ја изразува синодалноста на секој чекор на одењето и делувањето, промовирајќи реално вклучување на секој и на секого – истакна Папата додавајќи дека синодата е навистина корисна ако стане жив израз на Црквата, делувањето обележано со вистинското учество.

Учествувањето е потреба на крштелната вера. Од крштението произлегува истото достоинство на децата Божји, и покрај разликите во службите и харизмите. Заради тоа сите се повикани да учествуваат во животот на Црквата и во нејзиното послание. Учествувањето на сите е премногу потребно црковна обврска – истакна папата Фрањо.

Ризици

Синодата нуди голема прилика за пасторално преобраќање во мисионерска и екуменска смисла. Меѓутоа предупреди дека тој процес не е без некои опасности. Првата е формализмот. Ако говориме за синодална Црква – објасни Папата, не можеме да се задоволиме со обликот, туку потребна ни е содржината, оружје и структури кои го поддржуваат дијалогот и меѓуделувањето во Божјиот народ, најмногу меѓу свештениците и верниците лаици, бидејќи понекогаш меѓу свештениците има елитизам заради кој се одвојуваат од нив.

Синодата би можело да се сведе на извонреден настан, како кога гледаме убава фасада на некоја црква, но никогаш не влегуваме во неа. Напротив синодата е пат за вистинско духовно расудување, кое не подразбира за да дадеме убава слика за себе, туку за да соработуваме во Божјото дело во историјата.

Другата опасност е интелектуализмот. Да се направи синодата некој вид на студиски групи со учени но апстрактни говори за проблемите во црквата и неволјите во светот; (…) каде се делува површно и световно и завршувајќи на крајот во вообичаените стерилни идеолошки и партиски класификации, одвојувајќи се од реалноста на светиот Божји народ, од конкретниот живот на заедницата раширена во светот.

Третата опасност на која предупреди папата Фрањо е искушението на неподвижноста. Изразот „секогаш така се правело е отров во животот на Црквата – истакна Папата. Кој се движи внатре во тој хоризонт, и не забежувајќи греши, затоа што не го сфаќа сериозно времето во кое живееме. Опасноста е тогаш дека на крајот се усвојуваат старите решенија за новите проблеми. Заради тоа е важно синодата да биде навистина таква, процес во тек; (…)

Прилики

Папата потоа поттикна таа прилика за средба, слушање и размислување да ја доживееме како време на милости кои во радоста на Евангелието ни овозможуваат да искористиме три прилики. Првата е структурално, а не случајно да тргнеме кон синодална Црква; отворено место на кое сите се чувствуваат како дома и каде може да учествуваат. Потоа синодата ни дава прилика за да станеме Црква која слуша; и трето ни дава прилика за да станеме Црква на близина. Божјиот стил е – истакна Папата, близина, сочувствување и нежност. Ако тоа не се постигне, нема да биде Црква на близината која ги презема на себе слабостите и сиромаштвото на нашето време, лекувајќи ги раните и оздравувајќи ги скршените срца со Божјата утеха.

Не е потребно да се создаде друга Црква – напомена Папата, туку поинаква Црква и токму тоа е предизвикот; Црква отворена за новостите кои Бог сака да и ги предложи. Заради тоа Светиот Отец се надева дека таа синода ќе биде време во кое ќе престојува Светиот Дух, затоа што – како што рече, потребен ни е Дух, секогаш нов здив на Бог, кој ослободува од секое затворање, го оживува она што е мртво, ги прекинува синџирите и шири радост. Светиот Дух е Оној Кој нѐ води каде Бог сака, а не каде би не повеле нашите идеи и нашиот личен вкус – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот