Важни настани и моменти во понтификатот на папата Фрањо за 2018 година

Важни настани и моменти во понтификатот на папата Фрањо за 2018 година

На крајот од оваа календарска година која – што се однесува до активностите на папата Фрањо и на Светиот Престол – беше многу интезивна, да се присетиме на некои настани и важни моменти.

(…)Во разговор со новинарите во авионот за време на летот, минатата есен на враќање од Балтичките земји, папата Фрањо тогаш се осврна на привремениот договор за именувањето на епископе, кои ватиканската и кинеската делегација го потпишаа на 22 септември 2018 година, создавајќи така услови за поширока соработка на билатерално ниво.

Да се разберат сиромашните

За „срамот “ папата Фрањо зборуваше и на традиционалната побожност Крстен пат во Колосеумот на 30 март. Во таа пригода рече каков свет се остава на младите – скршен од поделбите и војните, уништен од самољубието, во кој младите, децата, болните и старите лица се маргинализирани, кој практично покажува срам заради тоа што го загубил.

Постојаните мисли посветени на последните, Папата повторно ги истакна во Алесано родниот крај на дон Тонино Бела. Зборувајќи за тој слуга Божји, папата Фрањо го спомна неговото лично богатство – кое исто така е богатство на Црквата, односно неговото разбирање на сиромашните, станувајќи им близок, со уверувањето дека најдобриот начин за спречување на насилството и на секој вид на војна е да се преземе грижа за оние во потреба и за промовирање на праведноста. Таа мисла јасно се наѕира и на 14 октомври по повод канонизацијата на папата Павле VI и надбискупот Оскар Ромеро, заедно со уште пет сведоци на Евангелието.

Младите и соочувањето со разликата

Братската прегратка на Папата која е во состојба да ја растера исто така одбивноста и стравот од другиот, е конкретна посебно со младите и децата. Тоа се случи на Епископската синода посветена на темата „Младите, верата и распознавањето на звањето“ во чиј завршен документ се истакнува дека младите се носители на спонтаната отвореност во однос на разликите, а кои ги прави внимателни на темите мир, вклучување и дијалог меѓу културите и религиите. Имено тие се теми на кои папата Фрањо постојано го свртува вниманието.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот