Папата планира Апостолски патувања во Африка и Америка
На враќање од Филипините во авионот на средбата со новинарите папата Фрањо најави дека оваа година ќе направи Апостолски посети на Африка, Јужна и Северна Америка. Во месец јули ќе ги посети Еквадор, Боливија и Парагвај, а во септември Соединетите Американски Држави, каде што е предвидено и посета на Обединетите Нации. За месец ноември се предвидува посета на Централноафриканската Република и Уганда.
Во 2016 се предвидува Светиот Отец да ги посети Чиле, Перу и својата татковина, Аргентина.
к.мк/го*ко
Категорија:
Ватикан