Папата Фрањо: сите кои молат за единство на христијаните се како „невидлив манастир“

Духовниот екуменизам е душа на екуменското движење. Нема единство без обраќање, без молитва, без светост на животот – рече папата Фрањо на учесниците на Екуменскиот колоквиум монаси и монахињи од различни Цркви и црковни заедници кои ги прими во аудиенцијата на 24 јануари, кои на поттик на Конгрегацијата за институтите за посветен и здруженијата за апостолски живот се одржува во Рим, а завршува на 25 јануари.

Потсетувајќи дека бројни иницијатори на екуменизмот биле посветени мажи и жени, папата Фрањо рече дека посветениот живот има посебен повик во промовирање на единството на христијаните. И посебно е забележително – додаде – дека тој екуменски колоквиум се одржува во текот на Молитвената осмина за единство на христијаните.

На монашкиот живот му припаѓа барањето за единство со Бог и единство внатре во братските заедници така на примерен начин се остварува Господовата молитва сите да бидат едно. Тоа единство не е плод на нашите напори – рече Светиот Отец – единството е дар на Светиот Дух и може да се исполни само во заедничко одење во минување на патот на братството во љубовта, служењето и взаемното прифаќање.

Истакнувајќи потоа дека нема единство без обраќање, Папата напомена дека монашкиот живот нè потсетува дека во центарот на секое барање е единството, а со тоа и во центарот на секое екуменско настојување е пред сè обраќањето на срцето кое посакува да бара и давање прошка.

Предизвикот во барањето на единство – според зборовите на Папата – е двоен; и внатре во монашката заедница и меѓу христијаните со различни традиции, а опфаќа обраќање на самиот наш поглед. Треба да настојуваме да гледаме едни со други во Бог и да знаеме да се поставиме и со сфаќањето на другиот.

Нема единство без молитва – истакна потоа папата Фрањо и додаде дека монашкиот живот е училиште на молитвата. Екуменското заземање на прво место одговара на молитвата на самиот Господ Исус и се заснова главно на молитвата. Спомнувајќи го еден од големите промотори на екуменизмот патер Паул Коутуриер Светиот Отец рече дека сите кои молат за единство како и воопшто екуменското движење, тој ги споредува со „невидлив манастир“ кој ги собира христијаните од различни Цркви  и различни земји и континенти. Затоа Папата ги поттикна присутните да молат за единство на христијаните напоменувајќи дека всушност тие се првите аниматори на тој „невидлив манастир.“

И на крајот нема единство без светост на животот – истакна папата Фрањо и објасни дека монашкиот живот ни помага да станеме свесни на повикот упатен на сите крстени; повикува на светост на животот кој е единствен вистински пат кон единството.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот