Папата: Наврзаноста на богаството е идолопоклонство

На светата Литургија во домот Света Марта во понеделник 19 октомври 2015,  Светиот Отец говореше за наврзаноста на богатството како за старо, но и за современо идолопоклонство.

Исус не го осудува богатството како такво, туку наврзаноста на него, бидејќи тоа во семејството сее раздор и предизвикува војни – предупреди Светиот Отец

„Наврзаноста на богаството е идолопоклонство“ – рече Папата потсетувајќи на Исусовите зборови дека не е можно да се служи на двајца господари – или се служи на Бог или на богаството. Исус на богаството не се противи како такво, туку предупредува на опасноста сопствената сигурност да ја ставиме во парите. Освен тоа, наврзаноста на богаството сее раздор како што стои во Евангелието кое зборува за двајцата браќа кои се караат околу наследството.

„Да помислиме на толку многу семејства кои ни се познати, кои се скарани едни со други не се поздравуваат, едни со други се мразат заради наследството. Овде повеќе не е важна љубовта кон семејството, кон децата, браќата, сестрите и родителите, туку парите, а тоа уништува. Исто така и војните кои денес ги гледаме. Во позадината се парите: парите на трговците со оружје, парите на воените профитери.

Сигурен сум – рече Папата – дека сите знаеме барем едно такво разделено семејство. Сепак, Исус е јасен: Бидете внимателни и држете се далеку од секоја алчност: тоа е опасно. Алчноста ни дава лажна сигурност. Да, можеме да влеземе во црквата и да се молиме, а срцето и понатаму да ни биде наврзано (на богаството), што на крајот завршува лошо.

Исус ја проповеда параболата за богатиот „сигурно добар претприемач“ чие „залагање вродило со обилна жетва“. И наместо да размислува: „Ќе го поделам со своите работници, со вработените за тие да имаат малку повеќе за своите семејства“; тој мислел: „Што да направам? Немам каде со својата жетва… Ах, знам: ќе ги срушам старите житници и ќе изградам други, уште поголеми.“ Жедта за наврзаност на богаството никогаш не престанува. Ако срцето ти е наврзано на богатството кога имаш многу сакаш уште повеќе. И тоа (богатство) станува бог на наврзаната личност “ – предупреди Папата

Патот на спасението – смета Папата – е патот на блаженствата: Прво е сиромаштво на духот, што е ненаврзаност на богаството. Ако го поседуваме тоа можеме да служиме на другите, со нив да поделиме, на многумина да им се помогне да продолжат да споделуваат понатаму. А знак дека не живееме во „гревот на идолопоклонството“ е токму давањето на милостина, да се даде на „оние во потреба“; да не се даде од вишокот, туку од она што ме „чини“; што е на некој начин можеби неопходно. Тоа е добар знак. Тоа значи дека љубовта кон Бог е поголема од наврзаноста на богатсвото. Има три прашања кои можеме да си ги поставиме, рече Папата:

ПРВО: Давам ли? ВТОРО: Колку? ТРЕТО: Како давам? Како дава Исус; со љубов која милува или како оној кој плаќа надоместок? Како дава? – упорен е Светиот Отец. Кога на некој му помагаш го гледаш ли во очи? Му ја допираш ли раката? Тоа е телото Христово; тој е твој брат, твоја сестра. И во тој момент си како Отецот кој ниту птиците небесни не ги остава без храна. Со колку љубов Отецот дава!

Да го молиме Господ за милост да се ослободиме од идолопоклонството, од наврзаноста на богаството; милост да земеме пример од Него, толку богат во својата љубов, великодушност и милосрдие. Да молиме за милост да можеме да им помогнеме на другите со практицирање во давањето на милостина, но како што тоа го прави Он – рече Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот