Папата Фрањо се сретна со украинскиот претседател Зеленски

Папата Фрањо се сретна со украинскиот претседател Зеленски

Украинскиот претседател пристигна во Рим утрото на 13 мај 2023 година. Имаше средба со претседателот на Италија Серџо Матарела и премиерката Џорџо Мелони; попладневна средба со папата Фрањо, вторпат лично, по 2020 година. „Ви благодарам за оваа посета“, рече папата Фрањо, примајќи го Зеленски во малата сала на аулата Павле VI. Веднаш потоа следеше средба со државниот секретар за односи со државите и меѓународни организации, монсињор Галагер.

„За мене е голема чест што сум тука…“. „Ви благодарам за оваа посета.“ Неколку зборови кажани лично, за прв пат од почетокот на конфликтот. Владимир Зеленски пристигна во Ватикан за да се сретне со папата Фрањо. Тој пристигна нешто по 16.00 часот со блиндиран автомобил во дворот на салата Павле VI,  облечен во сиви панталони и црн војнички дуксер, најпрвин со климање, а потоа и со рака ги поздрави присутните новинари. Папата го пречека на влезот во малата сала каде што се одржува аудиенцијата (не во Апостолската палата).

Седнати еден спроти друг на масата, со распетието над него и сликата на Богородица од Лухан, започна разговорот зад затворени врати, кој траеше околу 40 минути, според прес-службата на Ватикан, на теми „поврзани со хуманитарната и политичката ситуација во Украина предизвикана од актуелната војна“.

„Папата ја вети неговата молитва, за која сведочат неговите бројни јавни апели и неговите постојани молитви кон Бога за мир, од февруари минатата година. Двајцата се согласија за потребата од продолжување на хуманитарните напори за поддршка на населението. Папата особено ја истакна итната потреба од „гестови на хуманост“ кон најранливите луѓе, невини жртви на конфликтот“ – стои во ватиканското соопштение.

Папата постојано упатува јавни апели за „измаченото“ украинско население, континуирани зборови на близина во текот на овие повеќе од петнаесет месеци агресија. Близина, болка, но и надеж за мир, многу молитви се искажани за таа накана, а денес се изразени во подарокот што Папата му го подари на Зеленски: бронзено дело на кое е прикажано маслиново гранче, симбол на мирот. Заедно со ова Папата му ја подари пораката за Светскиот ден на мирот 2023 година, Документот за човечко братство, книгата Statio Orbis от од 27 март 2020 година, изданието „Енцикликата за мир во Украина“, која ги изнесува на едно место повеќето јавни изјави на Папата за војната во Украина.

Зеленски му подари на Папата уметничко дело направено од оклопна плоча и слика со наслов Загуба, потсетувајќи за убиените децата за време на конфликтот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот