Папата: Суетата и ривалството ги уништуваат темелите на заедницата

Папата: Суетата и ривалството ги уништуваат темелите на заедницата

Штетно е кога некој се дига за да е над другите, тоа ја уништува заедницата и семејството.

Ривалството и суетата ги уништуваат темелите на заедницата сеејќи поделби и конфликти – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта, на 5 ноември 2018 година. Врз основа на литургиското евангелие (Лука 14, 12-14), ги осуди себичните интереси нагласувајќи дека бесплатноста која Исус ја проповеда не се однесува само на некои луѓе.

Исусовата наука е јасна: „работите не смеат да се прават заради корист,“ не смееме да ги избираме сопствените пријатели врз основа на она што ни одговара – рече Папата и објасни: Имено да се размислува само врз основа на сопствената корист, е облик на себичност, поделба и интерес. Исусовата порака е токму спротивна: тоа е бесплатноста која го проширува животот и ги продолжува хоризонтите, затоа што е сеопфатна. Избирањето означува поделба, не поддржува „еднодушност“ за кое свети Павле им зборува на Филипјаните во првото читање од денешната Литургија.

Две работи се против единството: ривалството и суетата – рече Светиот Отец и продолжи: Озборувањето се создава од ривалството затоа што многумина чувствуваат дека не можат да растат, но за да станат поголеми од другите со озборувањето го уништуваат нивниот углед. Тоа е начинот на кој се уништуваат луѓето, со ривалство. Свети Павле вели: „Не, во заедницата да нема ривалство.“ Ривалството е борба за другиот да се уништи.

Ривлаството е лошо; може да се направи на отворен и директен начин или со бели ракавици; но секогаш со намерата да се уништи другиот, а себе си да се воздигнеш – рече папата Фрањо и додаде: Бидејќи не можеме да бидеме толку плодни и добри го уништуваме угледот на другите, и на тој начин остануваме секогаш големи. Ривалството е патот кон делувањето од корист.

Еднакво е штетно кога некој се дига за да е над другите – рече Папата и предупреди: Тоа ја уништува заедницата и семејството. Размислете за ривалството меѓу браќата заради наследството на таткото, тоа може да се види секој ден. Размислете за суетата на оние кои се дигаат за да се подобри од другите. Христијанинот мора да го следи примерот на Синот Божји негувајќи ја бесплатноста, правејќи добро и не грижејќи се за тоа дали другите го прават истото; да се сее човечноста, избегнувајќи го ривалството или суетата;

Кога читаме вести за војните, мислиме на нивните последници како што се гладните деца во Јемен. Зошто немаат храна? Истата војна со истото ривалство се води и во нашиот дом и во нашите институции. Таму започнува војната! Мирот треба да се оствари: во семејството, во парохијата, во институциите и на работното место, барајќи ја секогаш човечноста и слогата, а не сопствената корист, заврши Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот