Папата: Да не го заборавиме мачеништвото на Украина

Папата: Да не го заборавиме мачеништвото на Украина

Монашката заедница на свештеници на Мајка Божја, Монашката заедница на Василијанците на Свети Јосафат и Мисионерското друштво Свети Винко Паулски беа на нивните Генерални собранија и по тој повод беа примени на аудиенција кај папата Фрањо. Светиот Отец потсети на болката на оние кои живеат со војната и повторно ги потсети монасите да не се „хранат“ со озборувања, бидејќи тоа „убива и уништува“.

Како што рече на шега Светиот Отец, тој го прекинува „постот“ во јули – имено, Папата вообичаено нема пасторални активности во текот тој месец – за да ги поздрави насобраните, ангажирани во работата на Генералните собранија на трите верски општества кои ја покажуваат убавината на различноста во Црквата. Тој посебно им се обрати на Василијанците од Украина на кои им ја изрази својата близина. Како што рече надвор од подготвениот говор:

„Би сакал да ви кажам дека сум блиску до вас, блиску е целата Црква, сите. Ве придружуваме колку што можеме во вашата болка. Често мислам дека една од најголемите опасности сега е заборавањето на украинската драма. Човек се навикнува… и после не е толку битно и разговараме… Последните денови видов во весник дека веста за војната е на 9-та страна! Не е прашање на интерес, грдо е, грдо е. Затоа сме блиску до вас и сите мораме да гледаме во нив, затоа што сега ги мачат. Сега сте мачени. И сакам Господ да ви се смилува и да биде блиску на друг начин, со мир и дарот на мирот“.

Озборувањето убива

Потсетувајќи на важноста на радоста во заедницата, Папата укажа на една од најголемите опасности – озборувањето, кое убива, кое „ја уништува не само заедницата, туку и поединецот“. Озборувањето ги прави луѓето површни, истакна тој.

„Ве молам држете го јазикот. Знам дека не е лесно да се избегнат озборувања во верските заедници. Еднаш ми кажаа дека има добар лек за ова: прегризај си го јазикот на време. Да, малку ќе отече, но барем… Ве молам, ве молам: без озборување.тоа убива, уништува“.

Евангелизација, братство, радост

Папата Фрањо во своето обраќање неколку пати ги повтори зборовите евангелизација, братство, радост. Тој укажа на радоста што сме Христови, што сме заедно, со нашите ограничувања и гревови, што Бог ни простил и што тоа простување го споделуваме со нашите браќа и сестри. Оваа радост не може да се сокрие, рече – сјае и е заразна. Тоа е радост на светиите, кои – ако се основачи, не станале такви од раѓање, туку од привлечност. Христос најпрво го привлекува тој маж или жена кон себе и на тој начин го прави способен да ги привлече другите кон себе.

Да го нагласиме „Него“: светителот не привлекува кон себе, туку секогаш кон Господа. Затоа, понизност и едноставност на срцето и радост. Ова е патот на евангелизирачкото братство. Невозможно за луѓето, но не и за Бога!“

Учете од светците

Не е потребно да се задржуваме на апстрактни теории, туку подобро е да се учи од светителите, рече Папата, давајќи ги како пример основачите на присутните монашки задници: Свети Иван Леонарди, Свети Јосафат и Свети Винко Паулски. Токму во нивната различност тие покажуваат што значи да се биде „евангелизатори во духот“, односно благовесници кои молат и работат.

„Евангелизатори, а не прозелитисти, бидејќи евангелизацијата не е прозилитирање, нема никаква врска едното со другото“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот