Видео порака: Во тишината на нашите градови ќе одекне воскресното Евангелие

Видео порака: Во тишината на нашите градови ќе одекне воскресното Евангелие

Во петок 3 април 2020 година, папата Фрањо објави видео порака за Страстната седмица во која меѓу другото повикува да се покаже „нежност кон оние кои страдаат, кон децата, кон старите“. Содржината на пораката ја пренесуваме во целост:

Вечерва имам можност да влезам во вашите домови на поинаков начин од вообичаеното. Ако ми дозволите, би сакал кратко да разговарам со вас, во овој период на тешкотии и страдање. Ве замислувам во вашите семејства, додека живеете необичен живот, како би ја избегнале заразата. Мислам на живоста на децата и младите кои не можат да одат надвор, да посетуваат училиште, да го живеат својот живот. Во срце ги имам сите семејства, посебно оние кои имаат некој сакан заболен или пак за жал кои доживеале жалост со оплакување поради коронавирусот или друг причини. Овие денови често размислувам за осамените луѓе, на кои им е многу тешко да се соочат со овие моменти. Пред сè мислам на постарите кои ми се многу мили.

Не можам да ги заборавам оние кои се заболени од коронавируост, луѓето кои се хоспитализирани. Свесен сум на дарежливоста на оние кои се изложуваат да ги лекуваат болните за време на оваа пандемија и ги обезбедуваат основите услуги. Колку многу јунаци, секој ден, секој час. Се сеќавам и на оние кои се во финансиска неповолност и се загрижени за работата и иднината. Мислам и на затворениците во затворите, кои покрај болката им се додава и стравот од епидемија, за нив и нивните најмили. Мислам на бездомниците, кои немаат дом да ги заштити.

Овој момент е тежок за сите. На многумина им е многу тешко. Папата го знае тоа и со овие зборови сака на сите да ви ја искажам својата близина и својата наклонетост. Да се трудиме, ако можеме, што подобро да го искористиме ова време: да бидеме љубезни, да помогнеме на оние на кои им е потребна нашата близина, да ги побараме телефонски или преку социјалните медиуми луѓето кои се најмногу сами, осамени. Да го молиме Господ за оние кои се во искушение, во Италија и во светот. Дури и ако сме изолирани, мислите и духот може да одат далеку со креативност на љубовта. Денес тоа е потребно: креативност на љубовта.

Страстната седмица ја славиме на многу необичен начин, која ја покажува и опфаќа пораката од Евангелието, онаа за неограничената Божја љубов. И во тишина на нашите градови ќе одекне воскресното Евангелие. Апостол Павле вели: А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, а за Оној, Кој умре за нив и воскресна (2 Коринтјаните 5,15). Во воскреснатиот Исус животот ја победи смртта. Оваа воскресна вера ја храни нашата надеж. Би сакал со вас да ја споделам оваа вечер. Тоа е надеж за подобро време во кое можеме да бидеме подобри, конечно ослободени од злото и оваа пандемија. Тоа е надеж. Надежта не разочарува, тоа не е илузија, тоа е надеж.

Заедно со љубовта и трпението, овие денови можеме да се подготвиме на подобро време. Ви благодарам што ми дозволивте да влезам во вашите домови. Покажете нежност кон оние кои страдаат, кон децата, кон постарите. Кажете им дека Папата им е близу и моли, Господ скоро да нè ослободи од злото. А вие молете се за мене – објави папата Фрањо во видео пораката и на сите им поска пријатна вечер.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот