Матео Бруни е новиот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол

Матео Бруни е новиот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол

Папата Фрањо го именува д-р Матео Бруни за директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, на која ќе стапи на 22 јули 2019 година.

Д-р Матео Бруни, кој беше дел од делегацијата на папата Фрањо за време на посетата на папата Фрањо во Македонија, е роден на 23 ноември 1976 година во Винчестер, Велика Британија. Има дипломирано лингвистика и литература на универзитетот Ла Сапиенца во Рим.

Од 2009 година работи во Канцеларијата за печат при Светиот Престол, каде лично беше задолжен за активностите за акредитација на новинари и управување со оперативните комуникации за новинари, како координатор на Одделот за акредитација.

Во декември 2013 ја презеде одговорноста за организирање и придружба на новинарите кои се примени на летот со Папата на патувањата на Светиот Отец надвор од Италија. На таа служба тој беше и за време на престојот на папата Фрањо во Македонија и соработуваше со католичките и владините служби за медиуми.

Во почетокот на 2016 година именуван е и за координатор на одделот за медиуми и акредитација на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, каде го координираше учеството на медиумите во разните настани по повод Јубилејот на милосрдието.

Освен тоа, некое време беше вклучен во проекти на Црквата за хуманитарна соработка и програми за подршка на стари лица.

Оженет е и има една ќерка. Освен италијански, зборува англиски, шпански, француски, а има познавање и од хрватски јазик.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот