Трибина: Светилиштето Мајка Божја Утешителка – Паљурска

Трибина: Светилиштето Мајка Божја Утешителка – Паљурска

На 15 октомври 2023 година со почеток во 18.00 часот во салата на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица ќе се одржи трибина за богородичното светилиште Мајка Божја Утешителка –  Паљурска.

Предавач ќе биде деканот на Деканатот Свети Кирил и Методиј при Струмичко – скопската епархија, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов.

Трибината се одржува во организација на Деканатот Свети Кирил и Методиј при Струмичко – скопската епархија и Радио Марија и во соработка со парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица

Ве очекуваме!

к.мк

 

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот