Медалјон за пет години понтификат на папата Фрањо

Медалјон за пет години понтификат на папата Фрањо

Од 28 јули 2017 година во централната зграда на Администрацијата за имотот на Апостолскиот Престол и држвата-град Ватикан и во просториите на ватиканската издавачката куќа, ќе може да се купи специјалниот медалјон, кој е издаден по повод петгодишнината од Понтификатот на папата Фрањо, а е изработен од Маријанџела Кришоти – објави Ватиканскиот прес центар.

Медалјонот е со следните карактеристики: на предната страна е прикажан папскиот грб, околу кој е напишано на латински Franciscus P.P. Anno V MMXVII, а под овој натпис е ставено името на авторот, а на работ од страната повторно на латински е напишано E civitate Vaticana со редниот број на медалјонот.

На задната страна на медалјонот е прикажана подадена рака, како знак на гостопримство кон оние кои бегаат од својата татковина во потрага по подобра иднина. Под неа стои натписот Hospes eram et collegistis me (Mатеј 25,35: Странец бев и Ме примивте). Седнат на земја и меѓу луѓето е прикажн човек кој личи на Христос: „Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле ” (Mатеј 25,40)

Копиите се ограничени: 50 златни, 1000 сребрени, 1500 бронзени и 50 од трите благородни метали.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот