Телефонски разговор меѓу Папата и турскиот претседател Ердоган

Телефонски разговор меѓу Папата и турскиот претседател Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се јавил на папата Фрањо и изрази загриженост за хуманитарната ситуација во Појасот Газа. Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, извести дека Папата изразил жалење за она што се случува и потсетил за ставот на Светиот Престол, надевајќи се дека ќе се постигне решение за двете држави и посебен статус за Ерусалим.

Турскиот претседател Реџеп Тајиб Ердоган во четврток, 26 октомври 2023 година, ималтелефонски разговор со папата Фрањо за драматичната ситуација во Светата Земја. Ова го соопшти директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, потврдувајќи ја веста што ја соопшти претседателството во Анкара.

Папата изрази жалење за она што се случува и потсети на ставот на Светиот Престол, со надеж дека ќе се постигне решение за двете држави и посебен статус за градот Ерусалим – објасни Бруни.

Турската влада соопшти дека претседателот Ердоган изразил голема загриженост до Папата за настаните во Газа, нарекувајќи ги „масакр“.

Во неделата, 22 октомври, папата Фрањо имаше телефонски разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден,  кој траеше околу 20 минути, којо се однесуваше за конфликтите во светот и потребата од изнаоѓање патишта за мир.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот