Бискупот Стојанов ги посети децата на летниот камп во Гостивар

Бискупот Стојанов ги посети децата на летниот камп во Гостивар

Во петок, 21 јуни 2019 година, Скопскиот бискуп и епарх Струмичко-скопски монс. Киро Стојанов се сретна со децата на летниот камп во Гостивар и сестрите Мисионерки на љубовта кои заедно со волонтерите од Скопје го организираа кампот.

Летниот камп трае од 17 до 23 јуни а содржината има за цел раст во верата и заедништвото, преку катехези и игри.

Пред бискупот Стојанов и родителите децата изведоа пригодна претстава со тематика за дарување и раст во заедништвото. Потоа бискупот разговараше со децата осврнувајќи се на содржината на кампот која ја живееја преку секојдневните средби, и ја коментираше вчерашната прослава на празникот на светата Евхаристија осврнувајќи се на драгоценоста на дарот на Евхаристијата и нашето заедништво со Бог.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот