Папата: Да молиме да продолжи примирјето во Газа!

Папата: Да молиме да продолжи примирјето во Газа!

Папата Фрањо во среда, 29 ноември 2023 година, после катехезата во салата Павле VI. упати апел за продолжувањето на примирјето меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, велејќи дека војната е секогаш пораз за сите освен за производителите на оружје

Се надевам дека прекинот на огнот во Газа ќе продолжи, така што сите заложници ќе бидат ослободени и ќе продолжи да се обезбедува пристап до потребната хуманитарна помош.

Папата Фрањо упати апел за Светат Земја на крајот од Генералната аудиенција во среда, 29 ноември 2023 година, одржана во салата Павле VI. во Ватикан.

Ве молам да продолжите да молите за сериозната ситуација во Израел и Палестина, рече Папата. Мир, ве молам, мир…

Повикувајќи на продолжување на привремениот прекин на огнот, Римскиот бискуп истакна дека неодамна телефонски разговарал со свештениците од тамошната парохија.

Немаат вода; немаат леб и луѓето страдаат, рече Папата. Едноставните луѓе, обичните луѓе се тие што страдаат. Тие што поттикнуваат војна не страдаат.

Да молиме за мир, продолжи папата Фрањо. И да не заборавиме, кога зборуваме за мир, тука е и драгиот украински народ, кој толку многу страда, се уште е во војна.

Војната е секогаш пораз, заклучи Светиот Отец. Сите губат. Па, не сите – постои група која заработува многу, а тоа се производителите на оружје. Заработуваат многу пари од туѓа смрт.

Продолжено примирје

Хамас и Израел во понеделникот се договорија за 48-часовно продолжување на примирјето, кое треба да заврши во среда на полноќ без дополнително продолжување.

Се очекува двете страни да ослободат повеќе заложници и затвореници во среда. Израел рече дека примирјето може да биде продолжено доколку Хамас ослободува најмалку 10 заложници дневно.

Условите во Газа остануваат многу тешки за 2,3 милиони Палестинци, погодени од неколкунеделните израелски бомбардирања кои протераа три четвртини од населението од своите домови.

Израел ги започна нападите врз Газа откако претставници на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи 1.200 Израелци и земајќи повеќе од 200 заложници.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот