Папата: Мудро е да се делат добра во монашките заедници; ѓаволот влегува преку џебовите

Папата: Мудро е да се делат добра во монашките заедници; ѓаволот влегува преку џебовите

Примајќи ги во аудиенција редовните латерански каноници на Пресветиот Спасител, по повод 200-годишнината од нивното основање, Папата им препорача да ги следат четирите „ѕвезди“ во нивниот апостолат: молитва, заедништво, споделување на добра и служење на Црквата. Ги предупреди, згора на тоа, никогаш да не озборуваат, бидејќи озборувањето е зло што уништува се

Молитвата е како кислород за душата и ни помага да не паднеме во себичност и самореференцијалност. Заедништво е за да бидеме браќа и да го победиме злото на озборувањето. Заедничката употреба на добра е мудра работа за да се заштитиме од ѓаволот кој секогаш доаѓа преку џебот. Духот на служење на Црквата е за да не живееме за себе. Има четири назнаки кои папата Фрањо ги упати до редовните латерански каноници на Пресветиот Спасител, кои ги прими во аудиенција на 19 јуни 2023 година, но кои важат и за секоја монашка заедница.

Молитва, заедница, заедничка употреба на добрата, служење; има четири константи во историјата на таа стара реалност која ја слави 200-годишнината од нејзиното основање; четири „ѕвезди“ – како што рече Папата – кои никогаш не заоѓаат и кои го прават нивниот апостолат светол и актуелен.

Античко потекло

Станува збор за еден многу стар апостолат на таа конгрегација, чии почетоци датираат од 15 век. век со спојувањето на две заедници – онаа на редовните каноници на Пресветиот Спасител и на редовните латерански каноници – а нејзините корени се враќаат во раните денови на Црквата, кога почнал да се промовира заедничкиот живот на свештениците. Ова е многу голема благодат – забележа римскиот епископ. Затоа, припаѓате на вековната традиција вдахновена од раната христијанска заедница и фокусирана на молитвата, заеднички живот и заедничката употреба на добрата.

Вашата харизма сака да бидете контемплативни и активни во исто време, посветени на молитвата и учењето, како и на служењетп, подготвени да одговорите на потребите на времињата, кои се менуваат.

Колку часа дневно се моли?

Покрај предизвиците од минатото, пред кои конгрегацијата знаеше да донесува храбри одлуки, тука се и предизвиците на сегашноста. Сега се прашувате како да продолжите со обновувањето на вашиот монашки живот – рече Папата и препорача: Нека ве водат вашите четири ѕвезди. Најнапред молитва, бидејќи ако не молиш – предупреди – ќе бидеш свој Бог; целата себичност доаѓа од недостаток на молитва. Ве молам испитајте ја вашата совест; нека каже секој од вас колку часа дневно моли – поттикна Папата.

Озборувањето и парите уништуваат

Заедништво; да бидеме браќа – забележа и потоа посоветува: Никогаш не се озборувајте еден со друг. Озборувањето е зло, ги уништува заедниците.

Меѓутоа и парите го уништуваат заедништвото. Навистина, мудро е да се делат добрата, бидејќи ѓаволот влегува преку џебот.

Размислете за Исусовите зборови: ‚Не можете да му служите на Бог и на богатството’. Не пишува – појасни Папата – дека не може да се служи на Бог и на ѓаволот, туку на богатство, на парите. Ѓаволот секогаш доаѓа преку џебот.

Секогаш служете

Четвртата „ѕвезда“ е духот на служењето на Црквата. Не треба да живееме за себе, туку да служиме – истакна Папата. Самото име каноник нè потсетува на оваа димензија на служење. Добро знаете дека тоа не е статусен индикатор туку знак на припадност кон заедницата. Ве нарекуваат редовни каноници, односно ве обврзува Регулативата (правилото), која ја опишува вашата верност кон вашето посветување во согласност со заветите, а пред се кон сиромаштвото – истакна Папата и додаде дека името е поврзано со Латеранската базилика не е знак на престиж, туку повик за верност кон Црквата што треба да се посведочи преку служењето.

Меѓусебно слушање

На крајот Светиот Отец им се обрати на младите свештеници од различни краеви на светот кои овие месеци стекнуваат искуство во заедницата. Живејте ја приликата како дар, слушајќи се меѓусебно, препознавајќи во секого богатство за другите.

Зборувајте за себе и слушајте се едни со други, искрено и со отворени срца, не останувајќи неподвижни во сопствените убедувања, туку движете се со срцето… Ви го посакувам од се срце, да одите напред – рече папата Фрањо на крајот од неговото обраќање.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот