Во вторник, 25 мај 2021 година, Папата Фрањо испрати видео порака, по повод почетокот на Акционата платформа Лаудато си. Од Божјите раце добивме градина, не можеме на нашите деца да им оставиме пустината, предупреди Папата во видео порака.
Во својата порака, Папата нагласува дека сите можеме да соработуваме, секој со својата култура и искуство, секој со свои иницијативи и способности да ја вратиме нашата Мајка Земја во нејзината почетна убавина и да му го вратиме на создадениот свет својот првичен сјај.
Локалните цркви, семејствата, парохиските и бискупските заедници, компаниите, училиштата и универзитетите, болниците, земјоделските компании и верските заедници се поканети да се приклучат на седумгодишниот акциски план. Овој акциски план има седум цели: да одговориме на крикот на земјата, да одговориме на крикот на сиромашните, еколошка економија, да прифатиме едноставни стилови на живот, еколошко образование, еколошка духовност и вклученост на заедницата и нејзнио активно учество. Во својата порака по повод почетокот на платформата, Папата го повторува повикот упатен до сите луѓе со добра волја содржани во енцикликата објавена во 2015 година: „Да се грижиме за Земјата, која е наш заеднички дом“.
Веќе некое време, оваа куќа која е наш дом страда од раните што ги нанесуваме заради грабежливиот став, поради кои се чувствуваме господари на планетата и нејзините ресурси и поради што неодговорно ги користиме добрата кои Бог ни ги даде. Денес, овие рани драматично се препознаваат во невидена еколошка криза, влијаејќи на почвата, воздухот, водата и, воопшто, на екосистемот во кој живеат луѓето. Сегашната пандемија уште посилно ги изнесе на виделина плачот на природата и плачот на сиромашните кои најмногу страдаат поради тоа, нагласувајќи дека сè е меѓусебно поврзано и меѓусебно зависно и дека нашето здравје не е одвоено од здравјето на животната средина во која живееме, рече Папата.
За да одговори на двата повика, Земјата и сиромашните, папата Фрањо посочи на еден приоритет: нов еколошки пристап кој радикално го менува нашиот начин на живот во светот, нашиот однос со добрата на земјата и пошироко, начинот со кој гледаме на човекот и како го живееме животот. Затоа, патот по кој се движиме е пат до „целосна човечка екологија, која вклучува не само еколошки проблеми, туку и човекот како целина“, да се слушне „крикот на сиромашните“ и да биде „квасец за ново општество“.
„Имаме голема одговорност, посебно за идните генерации. Каков свет сакаме да им оставиме на нашите деца и на нашите млади? Нашата себичност, рамнодушност и неодговорен начини на живот ја загрозуваат иднината на нашите деца! Затоа, го повторувам својот апел: Да се грижиме за нашата Мајка Земја, да го надминеме искушението на себичноста што нè прави господари на добрата, да имаме почит кон даровите на Земјата и создаденото, да започнеме начин на живот и да воспоставиме општество кое ќе биде конечно одржливо за животната средина: имаме можност да подготвиме подобро утре за сите. Од Божјите раце добивме градина, не можеме на нашите деца да им оставиме пустината, предупреди Папата во видео пораката по повод почетокот на Акциската платформа „Лаудато си“.
Ватикан њуз/к.мк