Папата го спомна семејството Улма, убиено заради пружење помош на Евреите

Папата го спомна семејството Улма, убиено заради пружење помош на Евреите

Семејството Улма од Полска – родителите Јозеф и Викторија со шестте деца, а седмото во мајчината утроба, нацистите ги убиваат затоа што на Евреите им овозможиле засолниште. Папата ги спомна на Генералната аудиенција на 28 ноември 2018 година.

Поздравувајќи ги на крајот од аудиенцијата ходочасниците од Полска, Папата напомена дека на Папскиот универзитет „Урбанијана“ е отворена изложба посветена на семејството Улма од Полска, кое во текот на Втората светска војна го убиваат германските нацисти затоа што сокриле неколку Евреи и овозможиле помош. Нека тоа бројно семејство, слуги Божји, кое чека беатификација биде на сите нас пример за верност на Бог и на Неговите заповеди, за љубовта кон ближниот и почитувањето на човечкото достоинство – рече папата Фрањо.

Нивниот живот ни зборува за тивкото мачеништво на голем број христијани за време на Втората светска војна. Папата Фрањо нивната историја ја слушнал во текот на тргателната посета на концентрациониот логор Биркенау, во јули 2016 година.

Јозеф Улма и неговата сопруга Викторија живееле во селото Маркова во Полска, во тоа католичко земјоделско место. Имале шест деца и го чекале раѓањето на седмото. Јозеф бил пчелар и одгледувал овошје и бил многу активен во групата Млади католици.

Кога започнале антисемитските прогони, многумина настојувале да им помогнат на Евреите. Но, кој се впуштал во тоа го ризикувал животот. Јозеф и Викторија не размислувале ниту момент; сокриле во куќата осум Евреи и им дале помош. Меѓутоа некој тоа им го јавил на нацистите кои на 24 март 1944 година ги фатиле Евреите и ги убиле со куршуми во тилот. Јозеф и Викторија се убиени на прагот на нивната куќа, пред децата и бројните жители на Маркова кои биле принудени да го гледат нивното ликвидирање како предупредување. Потоа пукале и на шестте нивни деца.

Yad Vashem, израелска институција за проучување на холокаустот и чувањето на сеќавањето на неговите жртви, во 1995 година го вбројува семејството Улма во списокот на Праведниците меѓу народите, заедно со уште 6000 Полјаци. Црквата пак во 2003 година започнува процес за беатификација.

Во Маркова сега се наоѓа споменик во сеќавање на семејството Улма и на сите оние кои во Полска го жртвувале сопствениот живот за да ги спасат Евреите. На споменикот стои натпис: „Нека нивната жртва биде повик за должно почитување и љубов кон сите луѓе. Беа деца на ова земја и останаа во нашето срце.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот