Вистинската наука обединува, додека идеологијата разединува

Вистинската наука обединува, додека идеологијата разединува

Вистинската наука обединува, додека идеологијата разединува – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 19 мај 2017 година, во домот Света Марта.

Светиот Отец притоа пред очите го имаше „првиот собор“ на христијанските празаедници во Ерусалим кој се одржал околу 50 година, а на кој е одлучено дека незнабошците кои стануваат христијани не треба да се обрезуваат како што тоа го бара Мојсеевиот закон.

Папата рече дека и во првата христијанска заедница имало љубомора, борба за моќ и раздор, па ние сме луѓе, грешници, и во Црквата исто така постојат проблеми. Потсети дека Соборот на крајот одлучил дека обрезанието не е неопходно, но пред тоа најпрво дошло до жестока расправа. Постоеле две групи: оние кои се расправале силно, но со „добар дух,“ и оние кои само сакале да создадат хаос, кои создавале проблеми и ја делеле Црквата. Последните зборувале дека она што апостолите го проповедале не одговора на она што Исус го поучува.

Апостолите и старешините на крајот сепак се согласиле, но тоа не било политички договор кој ги поттикнал да кажат: „нема услови,“ туку вдахновението на Светиот Дух. Единствено што го пропишале било следното: „да се воздржуваат од идолски жртви, од блудство, од удавено и од крв.“

Ерусалимскиот собор е „првиот црковен собор“ – рече Светиот Отец. Светиот Дух и тие, Папата и епископите, сите заедно, обединети за да ја разјаснат науката како што тоа ќе биде случајот подоцна, на пример во Ефес или на Вториот ватикански собор. Папата Фрањо објасни дека обврска на Црквата е да ја разјаснува науката, добро да разбере што Исус рекол во Евангелијата и кој е Духот во Евангелијата. Но, тоа треба да се одвива конструктивно – рече Папата, осврнувајќи се повторно на оние кои создавале нереди.

Тие луѓе без да заземат некаква улога со своите говори внесувале немир во христијанската заедница, ги вознемирувале душите – предупреди Папата. „Но, што тоа што го кажале е еретичко, тоа не може да се каже така, црковната наука е ова…“ Тие се опседнати со работи кои не се јасни, како оние фанатици кои сееле несогласување за да ја поделат христијанската заедница. Проблемот е кога цркованата наука, која е вдахновена од Светиот Дух, стане идеологија! Тоа е големата грешка на тие луѓе.

Тие луѓе не се верници, туку идеолози – рече Светиот Отец. Тие застапуваат идеологија која нивното срце го затвора за делувањето на Светит Дух. Апостолите сигурно жестко се расправале, но не паднале во замката на идеологијата: нивното срце било отворено за она што Духот го зборувал.

Папата ги поттикна присутните да не се плашат од мислењата на оние кои ја идеологизираат науката. Тој рече дека Црквата има „сопствено Учителство, учителство на Папата, епископите, соборот. Наше е да одиме по патот кој потекнува од „Исусовото проповедање“ и „поучувањето и помошта на Светиот Дух:“ тој пат секогаш е отворен, секогаш слободен затоа што вистинската наука и соборите ја обединуваат христијанската заедница, додека идеологијата ја дели – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот