Папата до студентите: Не бидете посматрачи, туку одговорете на предизивците на современието

„Не гледајте на животот од балкон”, туку „одите таму каде што се предизвиците на современиот свет: животот, развојот, борбата за човечко достоинство, против сиромаштијата и во заштита на христијанските вредности”. Овој повик го упати Папата Фрањо до римските студентите за време на молитвеното бдение на Првата адвентска недела, која ја предводеше на 30 ноември во Ватиканската базилика.

„Општествениот и културниот контекст во кој живеете понекогаш го отежнува просечноста”, но „не се помирувајте со монотонијата на секојдневието, туку осмелувајте се за големи проекти поинакви од еднообразното размислување”, рече Папата. „Ако не се предадете на мнозинското размислување и останете верни на христијанските етички и верски принципи, ќе најдете храброст да одите против струјата”.

Повикувајќи се на зборовите на свети Павле за христијанското совршенство, Папата посочи дека полнината на христијанскиот живот секогаш е загрозена од секуларниот дух, затоа „Бог ни ја дава својата помош: Човечката природа е слаба, а Божјата интервенција за нашето упорност е доказ на неговата верност”. „Драги студенти, вашата волја и способности, обединети со силата на Светиот Дух, кој живее во секој од вас преку Крштението, ќе ви овозможи да бидете главни актери на модерните времиња”, истакна Папата.

„Во глобализираниот свет може да ги зачувате вашите особености и карактеристики, ако не го спуштите етичкото ниво“, предупреди Папата Фрањо: „Моделот кој треба да се следи не е оној во кој исчезнуваат разликите, туку многуврсноста која ја вклучува различноста на елементи и искажува единството во вистината”.

„Плурализмот на мислата и индивидуалноста – додаде Папата – ја одразуваат повеќеслојна мудрост на Бога, кога се потпира на вистината, доброто и убавината со интегритет и интелектуална строгост”.

Папата посака студентите да бидат верни на Евангелието во ова време на исчекување, за да можат вистински да го доживеат празникот на раѓањето Христово.

На крајот од бдението, иконата на Пресвета Богородица на Мудроста, чувана од бразилските студентите за прославата на Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро и за време на Годината верата, беше предадена на француските колеги. ВО текот на годината иконата ќе помине низ француските универзитети.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот